слободно да си го купиш ич нема да згрешиш, моите кумови имаат и го користат веке две години и се презедоволни, а сега го купи и сестрами заради внуками, и таа доста се фали
да таа е добра машина за све има во неа да сецка ако си за купување купи си ја Ние пак дома имаме соковник на MAX веке две години го користам исто така сум задоволна а и не беше скап околу 3:000 и нешто од струмица електромеханика
Бидејќи не сум искусна многу со детергентиве сакам да ве прашам каков прашак користите за бели, црни и шарени алишта? Црните панталони ми обледеа од прашокот, и не знам како да им ја вратам пак бојата , истото ми се случи и со едни црвени панталони и тие обледеа од прашакот. Постои ли можност да им ја вратам првобитнава боја со некој прашак или некое друго средство?
Ние дома све переме со Дуел во последно време, претходно купувавме Первол црн, за црните алишта но сега ги переме со Дуел и се во добра сосотојба. За црни алишта за да им се освежи бојата мајка ми дома ставаше пиво во алиштата, значи пред да пушти машина ставаше чаша ипол во бубањот и колку толку по свежа бојата им беше. Можеш да пробаш. А за црвените незнам друго решение освен да ги однесеш по овие дуќанчињава каде што фарбаат облека и да ти ги префарбаат. Баш пред некое време читав на форумов имало негде низ Чаршија такви дуќанчиња, се надевам некоја девојка ќе те упати каде точно. Или има по пазариве оние бои што се за таксас, знам мајка ми пред неколку години ми префарбуваше едни црни фармерки. Е сега и тоа и тоа фарбање има мана, алиштата после тоа пуштаат многу од бојата, па најдобро е да се перат на рака со не многу топла вода, и да се плакнат со млака накај ладна. Се надевам дека ти помогнав.
пробај да ги освезис со оцет (потопи ги во раствор од вода и оцет и нека отстојат малку па испери ги) иако се сомневам дека ке помогне ако се многу избелени, инаку за да не избелуваат алиштата во боја јас користам течен прашок за шарени алишта (го има во сите маркети)
Ние дома белите алишта ги периме со ариел за бели,шарените мајци и облека со светла боја ги бериме со ариел прашкаст за во боја{color&style}црните алишта со течна нила за црни{crno e i siseto } ете па досега нема ми се случено да избледее некој матирејал или пак белите алишта како да не се испрани pозз,
Жени помош!!! Последното перење од една сива кошула што 1000 пати е перена и никогаш не пуштила боја ми ги офарба белите алишта. Со што да ги обелам, бидејки ги пуштив на вриење, а пак се сиви. Хелп!!!
аман Јас да прашам !?! овој течен детергент го употребувам неколку месеци и приметив дека на мајците на децата одвреме на време се појавуваат некои дупчиња како од искри ситни ! страшна работа многу штета имам на различни парчиња од темна облека претежно мајци со кратки ракави дечките што си ги носат со апликаци на основа црна со слики ми се случува најчесто ! П.С. ве молам за ваше искуство или пак поука !
E за кој прашуваш Вулајт или Мерикс. Нема везе ќе ти кажам мое искуство, Вулајт го имам користено оној што е за црни алишта и не е лош а овој Мерикс не сум го користела. Сега за црни алишта користам Первол и ок ми е. Денешната облека нема некој квалитет и јас приметувам дека на некои работи многу бргу излезе (се сипере) апликацијата а некои пак ги скапам перејќи и си стои штампата. Смени прашок, па ќе видиш резултати. Можеби е до прашокот (јак е) а можеби и слаб квалитет на штампата на облеката и пробај да переш на пониска температура наместо на 60 пери на 40 на пример.
да зависти и од темперетурата црните на 40 или 30 ги укл.. а иначе досега немам се пожалено од црната нила не ги избедева алиштата а и первол не е лош
Jas se zalam na ,,Woolite<< mislam grcki e ! znaci mi se pravat sitni dupcina na pamucni majci obicno crni peram so tecen detergent ! Ситни дупценца како да се испрскани од некакви ,,ИСКРИ,, нормално децата не се мајстори па да направиле штета на облеката од шлајферица или апарат за заварување да беа на сопругот и така ке се посомневав на невнимание во работа !
Каков лепак се користи за правење на топчиња од вуница?На линкот пишува но не знам во мк каков е тој лепак и каде се наоѓа http://www.femina.mk/out/?id=b21d85bf96 ... l-tutorial
Teчен лепак е ама баш таква марка на лепак Елмер не сум приметила во мк. Можеш да земеш и некој друг ама битно е да се меша во вода (незнам дали постојат такви кај нас заштоовие што се Охо, Ухо, Неостик, секундарен...се на нитро база и не се мешаат со вода, алииии-сега ми текна да прашаш Дрвофикс -за лепење на дрво, дали се меша со вода?!? тој е таков бел и течен) Значи течен лепак кој се раствора т.е меша во вода, така прашај си кога купуваш
види вака незнам дали ќе ти помогнам ама еве ќе ти кажам Јас што мислам . Децата дома го викаат тој лепак баскет-клеба ТАКА/НЕКАКО и тоа е сигурно од едни емисии што ги гледаат на РТЛ Германски канали за деца ! Само знам дека ZAMENA ZA TOJ LEPAK BI BIL ONOJ ШTO сепродава во бои и лаkови продавници обично служи за лепење на мебел мислам под името Унафикс го имат во МК тој е бел како млеко и после 24 часа станува безбоен ! Ајде пробај и со срeќа! па кажи дали ти успеа !
Шест неверојатни намени на лакот за коса Лакот за коса е незаменливо средство доколку не сакате фризурата да ви се распадне уште по првиот час. Но, оваа леплива течност може одлично да ви послужи и во малку поинакви ситуации. Спојлер http://www.idividi.com.mk/stil/woman/727299/index.html Лимонот е состојка со која може да се направат ефикасни и природни маски за чистење на кожата. http://www.idividi.com.mk/stil/woman/732532/index.html
Не бе не, не знам јас што е со мене веќе. Ја пуштив машината да пере, а не и ставив ни прашак ни омекнувач. Заборавив. Спојлер Ја исклучив сега, а има уште некој пола саат за вртење. Чаре?
Касно е сега да ставиш прашок за да продолжи, чарето е да ја пуштиш уште еднаш, овој пат СО прашок Ме изнасмеа
Може наместо течен детергент за шарени алишта, на шарените да им ставам течен за бели алишта? Ептен малку ми останал од оној за шарени, малку ќе е. Спојлер Се надевам дека детергентов е далтонист