Наполни ја со вода до горе и брзо истурија ја водата, ама стварно брзо цела вода наеднаш да истече, не знам како да објаснам. Така неколку пати повтори. Ова го правам за одмирисување шишиња и термос, мислам дека ќе ја одмириса и чашата
@Feminka22 ти се замирисува така зошто постојано ти е затворен. Не е важно што ставаш во него, после употреба наполни го со врела вода и сјај, потоа измиј го. И кога не го користиш нема потреба чашата од него да биде затворена, така се замирисува. Истото е и со шишиња и сите пластични садеви.
Помош Како се вади течна пудра од капут што не се пере? Како се вади остаток од стикери од фрижидер и од стакло? Како се вади лак за нокти од паркет? Како се вади лак за нокти од врата дрвена?
Вратата ми е обоена со кармин и сенки за очи. Комодата со кармин и фломастери. Фрижидерот со стикери со крави. Зидот со пенкало и кармин. Ламинатот со лак и табуретката исто. Ако најдиш соодветно средство пиши.
За стикетите пробај на мало туферче стави маслинов зејтин или обичеб зејтин и нежно прво држи малку на стикерот а потоа со туферчето триј го полека и по потреба повтори ја постапката, или ако не излегува така пробај прво со фен малку да ги издувај и после постапката со маслинов зејтин, обочно јас така вадам налепници од стаклени тегли ило садови и ќе ги поминам со маслиново масло ќе ги измијам ако се многу мрсни и не останува ни од лепакот ни од налепницата, јас така имам извадено налеоница од вратата на рерната и од скоро сите елементи како на пример од огледалото во вц и нема флеки ќе пребришам после со крпа или нежно сунгерче со малку сјајче и со сива крпа и готово, за флеката од пудра пробај само на тоа место да ставиш малку сјај за тањири да ја протрлаш и само тој дел да го исплакнеш под вода би требало да излезе или со некое средство за флеки ама само на тој дел, а за лакпт за нокти незнам какви се вратите ако ставиш ацетон да не ги оштетиш ако се мазни вратите да пробаш со сунгерче од Виледа она зелено што е позади рапавко како планина што личи да пробаш со малку цифт или друго абразивно средство и со тоа да истрлаш полека и после тоа со водена крпа да ја пребришеш, а истата постапка прибај ја и на паркетот не би требало да се оштети а после тоа земи изџогиј го со средство, мислам дека сум ви од помош, ако ви помогне нешто од ова пишете ❤❤
Сега ми текна ако имате од каде да купите средство Wd 40 тоа би требало да извади фломастер или пенкало се прска од тоа и се брише со крпа, не сум го користела и незнам колку е ефикасно само сум гледала дека за некој такви работи се користи
Помагајте.. Купив нов плетен џемпер, го исперив најнормално во машина како и секогаш со прашак и омекнувач но има некој чуден јак мирис како на изгорена пластика. Не е до машината, другите алишта си мирисаат убаво, го исперив уште еднаш на раце и го оставив да одстои во вода со омекнувач ама мирисот не исчезнува.. Не знам до што е, што да правам да исчезне тој мирис, досега не ми се случило вакво нешто
Предлог за средство за чистење теписи? Имам тепих кој го користам неколку месеци, нема флеки, ама сакам да ја освежам бојата зашто е светол.
Совет од мене ако можеш од некого да нарачаш од Фармаси средство универзално, да го раствориш и со тоа да ги поминеш теписите, ем ќе го псвежиш и убаво мириса ем ако има флека ќе излезе, само ако ти остави пена ќе го пребришеш со мокра крпа за пената да излезе ( тоа е во случај на флеки кога ставаш од средството директно на тепихот) јас растворено лично го имам користено за освежување на гарнитурата, пола капаче или помалку пд пола го растварам во 1 литар или 1.5 литар вода во вангличе и со мека крпа ја поминувам гарнитурата, столиците трпезариски и шанкерските столици
Со разреден алкохолен оцет да отстои? Не знам друго чаре за мириси, после нормално ќе си го испереш и не користи омекнувач.
Мајка да пробаш со WD 40 спреј или ако имаш дома магичен сунгер (со вода што се чисти само) па да пробаш со тоа да исчистиш, незнам ако ставиш некое појако средство да не ја уништиш масичката
Средив работа, ми кажаа со средство за дезинфекција за раце и со мека памучна крпа. Се исчисти, еве може на некој ке му притреба некогаш.
Ставав сол во машината за садови и ја пуштив без да го затворам местото кај што се става сол. Кога заврши машината чашите беа замаглени само, другите садови деа добро измиени, а водата кај солот беше матна, валкана. Што да правам сеа?
Стави малку чиста вода, или ако можеш со сунѓерче извадија стави и чиста вода и затвпри го делот, а чашите премиј ги мислам дека не би требало да не се измијат, но прво провери да не се оштетени чашите, зошто обично се оштетуваат