Добри излегоа чашите, блескаа да не речам. Водата само уште беше матна ама ќе пробам после да ја подизвадам со сунѓерче и да ставам нова.
Иам дрвени венецијанерки дома, внатрешно поставени.Од коа се купени од пред три год, не се бришани.. Не можам да ги кренам пошо буквално искача тон прашина од нив. Кажете ми, има опција да ги откачам и да ги измијам? Ама да не буѓоста дрвото, или на тераса со прашко ќе ги тресам. Иам алергија на домашна прашина и ми се суши носот и грлото коа ќе станам. Станов и онака е на главна улица и се пуни со прашина на две секунди, и бара секој ден бришење и чистење
Aко не те мрзи со правосмукалка помини ги прво со она за прашина чистење како четче пофино што е, па после земи со крпа и средство за дрво избриши ги. Сврти ги нанадвор па од внатрешна страна. Или ако некој ги туширал нека каже, ама дека дрвени шубе би ми било да ги изводенам, без разлика колку се заштитени надворешно.
Здраво кадата започнала да губи боја, што би можеле да напраиме да ја ,,спасиме,,? дали да се струга со нешто па да се префарба? или поефтино ќе е нова када ххх
Не знам во која тема би го поставила прашањево не најдов друга подобра од оваа. Дали некој користи/користел мерач за влажност во домот? Да сподели дали вреди да се купи колку чини и од каде може да се набави
Со што да го исчистам тостерот? Плочите не се вадат,мора директно да чистам, многу е мрсен бидејќи го користиме и како скара. Рерната ја светнав со арис де грас одмастувач. На ова ми е страв да ставам арис бидејќи храната директно се става на плочите,да не се потруеме
Пробај со некое полесно средство за мрснотии, има спеј во Дм за рерни и скари чистење и тој убаво листи но после чистење помини неколку пати прво со сјај и влажна крпа и убаво пребриши го неколку пати со мокра крпа, пушти го нека поработи, без храна, малку ќе мириса лошо од хемикалиите и кога ќе се олади пак пребриши го со влажна крпа, илк поедноставна процедура ти е да си купиш магично сунгерче мислам ги има во Стокомак 3 се во оаковање бело со сиво, само со вода и сунгетче и треба да излезе и уште еден совет за да немаш мака во иднина со тостерот обложи го со алуминиумска фолија пред користење и кога ќе се испрља фолијата само ќе ја замениш, јас така со години го користам тостерот гајле нема
Со што да исчистам фрижидер, освен со алкохолен оцет , има некоја миризба што се појави и после чистење неколку дена е океј и после пак му се враќа миризбата. Тоа цевчето кај што треба на истекува водата,горниот дел го брцкам со цевче,ама можно ли е внатре да се има умирисано и од тоа да мириса цел фрижидер? Како тоа све да го исчистам?
Kazete mi za merkava sto ja davaat od vladava kolku kopii od evn da zemam od smetkite za da gi dostavam kaj niv?
Перење со вода никако, ќе набабрат и ќе се деформираат, ќе ги уништиш. Јас ги пребришувам со влажна виледа крпа, но убаво исцедена од вода, колку да може да ја собере прашината. Пребришувај, плакни ја крпата постојано да биде чиста за да не ја прави прашината тесто и ќе бидат како нови. Одзема многу време.