И мојата кујна остава многу флеки. Јас прво ја бришам со полирапид(ако има маснотија) а потоа со средство за стакло од тинекс едно евтино е ептен а се покажа како најдобро. И крпи сменив многу дур најдам соодветна. Исто и дипло розевото ми е ок. Доколку нема маснотија пробај и само со еленска кожа. Мене и со тоа ми успева
Со некое средство за флеки или пак земи истури малку сјај за тањири и со некоја четка мека или сунѓерче истрлај и пребриши со мокра крпа, би требало така да излезе, е сега завиди ако е помало теписонче ако го собира во када да го испереш или у машина зависи пробај на крај идпери го ако е голем прибај така и ако не излезе на хемиско
Што може да и е на машинава? На кратко 30мин пере, на подолга саат ипол вака ми прави. Исклучив од струја, почекав, пак прави..
Indesit error F01 Turn off the washing machine and unplug the connector. Wait 2 minutes and put the connector back in. Wait 30 seconds and turn the washing machine back on.
Не сака пак... Само на 30мин ми пере, на ниедна друга ми се јавува ова. И филтер чистев, црево поместував, ништо..
Можно е. Ние го исчистивме така што го свртевме фрижидерот и позади имаше како пластично во кое се собираше водата од цевчето, тоа ја правеше цела миризба. Фрижидерот не ни е вграден па лесно се изведе.
На црни? Ако се црни може и од прашакот да ти е, ако користиш тврд прашак, пробај да ги препереш со течен детергент, или ако пак им ставиш тврд прашак дупло плакнење стави им, обично линии се прават од прашакот ако не се растопил убаво, обично тврдите прашаци не се раствораат баш најдобро во поладна вода, мене ми се има случено на црни фармерки да ми се појави така линија бела од прашакот ги исправ со течен уште еднаш и на дупло плакнење и излезе линијата ( едино ако нешто е до материјалот па да не се испере и да остане така)
Ај кој има Gorenje mashina за перење алишта дали знае што би можело да биде...переше на 20 степени и не знам дали испрала кога станав пишуваше е10 на екранот. Сега ја вклучив на брзо перење на 20 м на 30степени. Се надевам ок ќе биде.
Zdravo. So sto ja cistite kozata na mebelot. I kako gi ciatite rebrata na vakvite radijatori, da ne se cistat edno po edno bidejki odzema mnogi vreme
Ич не е прашањето за тука, ама знам дека тука можам да добијам одговор. Си порачав патики онлајн, морав така оти број имаше само во продавницата во Струга. Е арно ама големи ми се за пола број, а бројот шо би ми бил точен го нема. Постои некаков начин да ги износам? Со плус влошка на пример? Ич не ми се сменуваат за друг модел, ептен на мерак ми се.
Имам проблем со машината за перење алишта. Или можеби не, можеби јас нешто погрешно правам. Машината се отвора одозгора, на самата врата каде што се отвора има прегради за прашок и омекнувач. Приметувам дека кога затворам капак за да ја пуштам за перење, истекуваат, а не ги преполнувам. Дали ќе ми се исплати повеќе да земам од капсулите за перење директно долу или јас правам нешто не направив како што треба? Дома досега сме имале од оние машини што се отвораат напред, па сѐ измачив додека ѝ го најдов крајот. Не ми се смејте . Спојлер: Прегради за прашок и омекнувач
Можеш да пробаш со капсули или пак прашакот (течен или тврд) да го ставиш директно во барабанот, домсега не сум имала можност да видам и користам ваква машина ама не верувам дека е нешто страшно ако претекува (едино ако наместо во алиштата, детергентот завршува на друго место), или пак прочитај упатство може да не има некоја финта