Како да го задржам мирисот на омекнувач кога ги сушам алиштата во сушара? Скроз ги дезинфицира, нема трага од омекнувачот. Читав дека може да се стави омекнувач директно во бубањот на сушарата ама немам пробано. Имате ли искуство со ова?
Мислам дека не е препорачливо така зошто омекнувачите се запалливи, па да не направиш некоја беља, поубаво купи марамици што се за во сушара со парфеми и стави по една или две и така ќе мирисаат, јас искрено не би експериментирала со омекнувач во сушара
Според мене правиш грешка во програмата... Стави ги на програма каде што не ги суши скроз до крај.. Со сушењето до крај испарува миризбата (тоа значи дека и миризот од марамиците со парфем кои предходно ти ги препорачаа ќе исчезне)
Ми нема логика да сушам алишта у сушара ако не ги суши до крај и ако мора пак да ги закачувам да се досушат. Фиксни ми се програмите, не се подесува топлина едино времетраење може да намалам, ама секогаш кога сум чепкала во времетраење на програма утоп водени ми ги вади. Ќе пробам со марамиците. Ако не бива, здравје
кај мене на сушарата има опција да ги вади како за пеглање, така да нема потреба да се досушуваат на тераса.. Кога се сушат скроз до крај дури алиштата имаат некој специфичен мирис
Јас во машина за садови ја ставам и чашата и сечилото. И супер е ниту мириса ниту останува нешто во сечивото.Ама тебе ако ти пожолтела пластиката тешко дека ќе ја оправиш. Пробај стави ја во машина.
Пробај со сода, оцет и сјај измешај, малку вода и нека покисне, имам гледано дека има ефект, можда нема да е ко нова ама би требало да делува.
Кажете ми од што може толку лошо да мириса фрижидер, на пцовисано. Не бевме дома 3 дена, и кога се вративме што да видиме. Еден ден стое кесе замрзнати ракчиња доле во фрижидерот да се одмрзнат за да ги јадеме, па мм се сомнева дека од кесето воичка што пуштило од тоа засмрдело. 2 пати пребришував се, и сода бикарбона ставив , ќе избледе миризбата, и по некој саат пак многу засмдува. Дури тегливе и другите работи замирисуваат.
Јас еден фрижидер така исфрлив Со месеци се трудев да го одмирисам со се што слушнав, и средства скапи изнакупив, на тераса го луфтирав и ништо. Фиоките му беа пластични и тоа пластиката штом прими,тешко е после.... можеби на кратко ти отпуштил фрижидерот,нешто се пододмрзнало и се расипало. Пробај со киселина, може ќе го оправиш
Позади на задниот внатрешен дел (зависи од модел) треба да има едно мало каде што се собира вода од фрижидерот и после некоја си употреба таа знае да е никаква, валкана и најчесто лошо да мориса. Види кај тебе каде се наоѓта тоа и полека со цевка извади ја старата вода и дотури нова во иста количина...
Се мислам дека во ДМ имаше некаков производ мирис за фрижидери, нешто така беше. Распрашај се, може ќе ти помогне.
Фала ви на сите за одговорот. Чудно е но го исклучив фрижидерот и одмрзнав фрижидерот, миризбата се намали, го избришав со алкоколен оцед и ја снема миризбата. Како го пуштив пак, еве се повеќе мириса. Можно ли е нешто од фреонот да мориса?