може да дише фреон од цревата кај моторот. најдобро повикај сервисер. Моја препорака е што побрзо да викнеш сервисер, бидејќи преку внесот на храната може да дојде до некој несакан ефект
Ме мирисал фреонот така на расипана риба, повеќе на хемија мирисал. Веројатно е страшно упиена миризбава од кесето што се цедело од ракчињата...Некаде читав имало по маркети некои неутрализатори на миризба за фрижидер. Барав во кит го ама не најдов, ако знае некој нека пише.
Доколку се ваде умирисаниот дел (пластиката) можеш да го ставеш во када, да го прелиеш со жешка вода (внимавај да не го пукнеш ладно-топло) и стави 2 таблети за машина за миење на садови.. Остави го да постое неколку часа и истриј го убаво, би требало да се неутрализира мирисот
Штом не мириса кога е исклучен не е од ракчињата. Од друго нешто е, немам идеа што. Дефинитивно не е од кесето со ракчиња.
Има во ДМ, во форма на лимонче е, е сега искрено незнам како колку е ефикасно и дали во тој случај би помогнало
Како може да го исчистам ова? Ми се расипа шеќер а плотната беше жешка. Пробав со перметал но не се трга.
Да ставиш средство какво што користиш за плотната и со ноже за стругање за плотни да пробаш да го истругаш или со зеленото сунгерче од виледа тоа за стакло што е ❤
Не знаев каде да го поставам прашањево...дали некој има нарачувано од странава. Сакам да нарачам масичка ама незнам дали ке ја донесат како што треба и дали ке каснат со испорака elegant_home.mk
Пред месец два се вселив во нов стан, нива градба, плочките во тоалет никако не можам да ги исчистам, прљаво бели/сивкасти се, и на нив флеки што ми изледаат на отпечатоци од чевли, прво мислев дека самата плочка е таква ама кога загледав и споредив плочка со плочка не е така. Пробав со средства за подови, течен сапун, доместос, арф, оцет и сода бикарбина пак не изледуваат. Не ми е јасно, нема шанси да се такви освен ако не се оштетени..
Мене искрено ми личи на оштетено. Како таква да си била плочката со маана. Не може отпечаток од чевла да не се исчисти нема шанса.
И јас тоа мислам, нема шанси со ништо да не се чисти, и не е само една плочка сите се такви никакви, плус и на втората слика не знам ни како да ја опишам таа флека. Ќе барам да ми ги сменат, мада неверувам дека ќе се нафатат
Мене ми личи на лепак. Тој што ги местел плочките ги има замачкано. И јас имам такви флеки и тоа на сјајни плочки во боја и одвратно изгледа, кај тебе барем светли се па не се приметува многу. Јас и со ацетон, и со разредувач пробав, ама џабе, не излезе. Види нешто со инвеститорот ако можеш, мада мислам џабе ќе е.
Ако е остаток од лепак или силикон ќе биде малку по рапавко на местото, да прибаш со стругалче за шпорети што е (ноже или како и да се вика) јас со такво вадев малтер од стаклата на прозорите, пробај со тоа ама претходно убаво накваси ги ама само во случај на лепак или силикон, прво пробај на мала површина да не ги оштетиш бетер
Совет некој за чистење бигор од цедалки за садови? 10 имам до сега сменето пребрзо и премногу бигор фаќаат и изгледа прегрдо како нечисто без разлика колку и да ги чистам ... Или пак некоја подруга цедалка да ми предложите да купам?