1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    ‘ ау, blond, немој! Прочитај, да не содржи варикина или некој друг вид избелувач во течниот детергент за бели алишта, па да си ги фрлиш алиштата во ѓубре после. :^)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Решив да не експириментирам и си го пратив маже рано утрово по прашок. :D Не беше толку зор ноќеска да пуштам машина :lol:
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ефикасен начин на чистење огромни дамки од црвено вино на бел чаршаф? :$
    (Кога имам несмасни гости :^) )
     
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    не сум многу сигурна ама имам слушнато дека црвено вино се вади со бело вино!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.120
    Допаѓања:
    138.042
    ^^ Вениш.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    да и јас знам дека се става бело вино, но тоа веднаш откако ќе го истурат црвеното вино. Веќе ако дамката е исушена не знам дали би делувала :?:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Пред некој ден подгревав млеко. Признавам заборавена сум :doh: и млекото истече.
    Имам керамичка плотна, па страв ми беше да гребам по неа за да го исчистам. Го оставив така, се втрдна и наредниот ден ставив циф за да се демек раствори или омекне, ама џабе :( , не сака да се извади.
    Чаре??? ;( а не сакам да си ја оштетам плотната, 2 години ја користам и до сега ни гребнатина и немам направено!
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски

    Леле....јас па ич не ги сакам плотниве, баш заради ова-мора нон стоп со сунѓерчето во рака до нив да седиш :devil: Вака супер изгледаат, ама се нервирам што буквално секоја прашинка или трошка кај нив се гледа. ]:)
    Јас пред некои 2-3 недели ја направив лом цела плотна од зејтин (премногу прскаше), и малку што било останато претходно од зејтинот, се закоравило и не излегуваше. Е сеа, имам дома некое средство за чистење керамички плотни, (мислам дека го има во Веро, или во Рамстор, не сум сигурна) ама не успеавме со тоа да ја извадиме. Сестра му на дечко ми донела од дома нешто како мала шпакла (не знам точно што е, не го видов јас)-тоа им го дале кога ја купувале плотната за дома пред неколку години. И успеала да го извади со тоа, не беше воопшто изгребана плотната после.
    Значи, провери да не ви дале некоја таква алатка кога сте ја купувале плотната. Купи некое малку појако средство, греби нежно неколку пати.....би требало да излезе :)
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас немам рамна плотна, ама ќе би кажам како ја исчистив на братучетка ми плотната кога и бев на гости.
    [​IMG]
    Smac одмрснувач. Јас со него ја чистам и рерната и исушените дамки на плочките. Мамата им ја расплакува :D
     
    На green.eyes и soco им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Blond, каде го има средствово кое го постираше? Во маркетите, претпоставувам, би требало да го има, нели? :?: И колку пари е, ако знаеш? :$

    Штом е толку ефикасно, да го најдам, да не му ја мислам многу плотната. Душа ми извади. ]:) :D
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Го има во сите поголеми маркети и е околу 160ден.

    Инаку се прска на флеките со Смак и се чека десетина минути и само пребриши со крпа/сунѓер и решен проблем. Ако на првиот пат не излезе целосно, повтори ја постапката.
     
    На LaChiquita и green.eyes им се допаѓа ова.
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    А да не знаете каде може да се набават тие „лопатки“ за чистење на плотни?
    Некој спомна дека ги има со самото купување на плотните, ама кај мене немаше ништо слично. Да не се купуваат во маркетите за бела техника?

    Инаку, од оваа марка имав средство против бигор...и тврдам дека е супер, а сега и ова ,морам да го пробам.
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Вака изгледа, тоа што го имам јас е цело метално и не е рабрасто, туку рамно е тоа напред за гребење.
    [​IMG]
    Побарај по пазариве каде што продаваат тракатанци за во кујна, или прашај во продавницата кај што го купи шпоретот, би требало да ти дадат, тоа си оди комплет со плотната.
    Јас до сега не сум видела, ама побарај, мора да се продаваат некаде.
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Па изгледа не дават веќе заедно со плотната. Кога ја купувале плотната за дома кај дечко ми, пред 4-5 години отприлика, им дале. Сега за во станот кај што живееме заедно со дечко ми, не им дале. :| Не знам дали е купена од истото место. Фино е да се набави, да не мора стално сестра му да го шета ваму-таму....

    Фала на информациите девојки ;)
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Kога сакате да ги избегнете средствата за чистење од кои страдаат и вашите раце земете паста за заби.

    Можеби не сте знаеле меѓутоа пастата за заби можете да ја употребите на многу начини да го исчистите својот дом, а при тоа да не го изложувате своето тело на јаки хемиски супстанции кои ја уништуваат вашата кожа и во исто време добивате одлични резултати.

    Рерна

    Нема домаќинка која не се плаши кога станува збор за чистење на тврдокорните маснотии во рерната. Средствата кои ефикасно ги чистат рерните се полни со хемиски супстанци кои ги нагризуваат вашите раце а во исто време се и потенцијална опасност. Што да направите? Пробајте те го следното… помешајте паста за заби со малку вода, загрејте ја водата, потоа натопете крпа со оваа мешавина и пребришете ја рерната. Ќе бидете изненадени од резултатот.

    Полира сребро

    Ставете малку обична паста за заби на сува крпа и со неа истрлајте ги сребрените предмети во вашиот дом. Среброто ќе го врати стариот сјај.

    Чисти хром

    Можеби се прашувате како пастата за заби ќе ги исчисти хромираните славини кога пастата е таа која остава најмногу бели дамки. Можно е… ставате малку паста на сува крпа и добро истрлајте ги сите славини во домот. Не само што ќе ги снема сите флеки туку и каменецот собран на истите. Славините ќе блеснат и ќе изгледаат како нови. Истото можете да го сторите и со мијалникот во кујната, ќе бидете изненадени.

    http://boza.mk/2011/chudata-koi-gi-pravi-pastata-za-zabi/
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Не сум очајна домаќинка ама мислам дека овде треба да прашам. Купив сако што треба за Н.Г да го носам ама ми мириса неубаво, не сакам така. А другарка ми вика сакоа не се перат. И што да му правам де?
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    91.296
    Пол:
    Женски
    :rofl: како не се перат? јас си ги перам, таман работа така да го носиш. Покисни го само во омекнувач за да ти мириса убаво и убаво после испеглај. После Н.Г. испери си го убаво.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Па она така ми кажа, јас прв пат купувам сако и нема паметна да се правам :D . Инаку сега ако го покиснам со омекнувач, да отстои малку и ќе се исуши до задутре вечер? :tmi:
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ќе се исуши Душке, јас обично перам се пред прво да го облечам, ми мириса неубаво иначе. До задутре има време, ќе го оставиш кај што е топло, и ќе ја караш мама да не готви да не ти го умириса пак :D Така ќе ти мириса на омекнувач :)
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Душице ваљда го испра сакото, да ти кажам кога ќе го пеглаш пеглај го со марамче, зошто може да ти се појави како сјај од пеглата, доколку е темна боја.
    Јас ужасно се нервирам кога ова ќе ми се случи и секогаш со марамче пеглам темни сакоа или кошули.
    И внимавај на потставата, доколку има, таа лесно се лепи.

    Ма што бладам дај и го на мајка ти нека ти го среди ;) .
     
    На kate21, figgiMK, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.