миризливи стапчиња од Џамбо или овие у течност шо беа у коцкасто, да ме убиеш не ми текнува. На Глејд бе.На Глејд тие се врв значи, преубаво мирисаат, ги ставаш во течноста стапчињата и мириса препреубаво.
На зелен пазар јас имам земено од таму пред 4 години, провери кај што се продаваат сушари и даски за пеглање
Со што чистите темно кафени е*ани ламинатни плочки? Нема со што не ги избришавме и пак бело по нив се познава. Ми иде да ги откорнам
Да видам на пазар по пластичарските дуќани евентуално. Ако знае некој за Битола кај има, нека ми каже, плс.
Да пробаш во водата каде што ставаш средство за џогирање да ставиш околу 20 до 30 грама тврд обичен прашак за перење, јас така и ламинат чостам и прочки и секоја флека и дамка ми ја извадено, ама водата да е жешка за да се раствори прашакот, нема да се лизга а и до сега се ми има извафено без проблем, а ако си во можност пробај и со парочисташ да ги поминеш и тоа вади, сега се зависи од што се познава бело, дали е кога фугирале или не, ако е пд фугата само со оцет и некое сунѓерче порапаво (виледа зелено за стакло што јас користам) и на некои места како ќошиња вадев флеки од фуга така само со оцет и после пребришував и џогирав
Чим е од бигор спасот ти е само оцет покисни ги и истриј ги со сунгерче по рапаво или со четка и исплакни или со некое појако средство за бигор
Има еден дел од плакарот кој што мириса многу лошо оддамна. Што и да ставам тука се замирисува, грозно на влага, на расипано, мувла, немам поим. Милион пати е чистено со различни средства, сѐ е со краткотраен ефект, по некој ден пак се замирисува. Има чаре? Или некој идеја од шо можи да е?
Јас имам ваков го земав од една продавничка во Драчево за пластики што продаваат, но имам видено и по други продавници кај што продаваат корита, вангли и тн. провери на зелен пазар или бит пазар ако си од скопје
Како да отстранам мирис од фрижидер? Ми се расипал и се живо се усмрдело додека не бевме дома сега страшно мириса, оцет пробав не бива
Имаше едно средство за фрижидер ама незнам како се викаше, да водиш да пробаш со тоа или пак да го исчистиш уште беколку пати и да го оставиш да се луфтира можеби така ќе помине миризбата
Купив нови крпи од икеа црно бели со зеленкасти апликации. Прашањето ми е дали од прва ако ги пуштам на 40 со нова постелнина црно-бела можно е да ми пуштат боја?
Глупо прашање. Како се пере ќебе на раце? Прво у жешка вода со прашок, стои некое време така, после со ладна и омекшивач се плави?
Можно е секое ново парче првото перење пушта боја ако имаш марамици за бои стави таква и немај гајле дека ќе се офарба нешто или ако си можност испери ги на рака
Не многу жешка вода млака некако, прашак истискуваш убаво испушташ вода па наполни уште еднаш да излезе цел прашак,пак вода со омекнувач,плавење пак и тоа е тоа.