Не знам кај да го поставам прашањево, ама даска за пеглање од која сте задоволни? Кај да барам? Битно ми е да не и се расипе механизмот за 1 месец и да има убава квалитетна навлака?
Јас ја имам на Leifheit од јуск ја купив малку поскапо ама вреди да дадеш повеќе пари претходно купував ефтини и испадна дека сиромавиот не два пати туку трипати плаќа
@Noemi потврдувам.. Да си купиш поскапа даска,не од тие пазарските џабе фрлање пари се. Ја имам и јас оваа од членкава,5 години ја користам, не мрднала досега. Може и дека ретко пеглам
Цената не ми е проблем, не сакам да се расклати по 5 користења, имав таква на подарок на сред пеглање ми се собра ќе ми скршеше прст Сеа ќе ја побарам таа од јуск, фала @Ladybug98 @Kasiopaja221
Како да ги исперам патикиве? Ги фати малку вода и црвеното пушти боја(сликава е кога се купени) чаре?
Во машина на 30 степени. Ако сакаш да излезе примената боја Dr.Beckmann има специјално прашоче. Јас од КитГо го купував. Малку е поскапо, ама ќе заврши работа.
Луѓе, облека пуштена во машина на 1200 центрифуга после сушењето се оправа? Изгледа нормално, ако додека е мокра изгледа ужасно (згужвано, набрано, конци да излегуваат)? Да де нормализира на наредно перење можеби? Официјална облека е, најразлични материјали. Леле, ќе убијам некој ако нема надеж за парчињата.
Дали ќе ги уништам патиките ако ги ставам во варикина? Бели се патиките па од носење ми се валкани и бојата не се вади со ништо.
Гарант до сега си го решила проблемот.Одредени алишта ќе се средат ако се понежни не верувам.Јас еднаш сум пуштила на 1200 и никад више.На 800 ми се таман,скоро суви.
Зависи, јас имам црн гранит мијалник со средство за бигор од фармаси го поминувам делот кај бигорот и со пастата на греен мастер го чистам цел мијник, за сега супер ми функционира таа комбинација. А општина е црн додатно после чистење го мачкам со маслиново масло за да не фаќа толку бигор оти премногу се познава
Колку е паметно стакла на туш кабина кои фатиле бигор, да ги испрскам со пулирапид разреден со вода малце. Оцет некако слабо ми е.Бајаги има
Нема да излезе ни со Полирапид асално. Имаш специјално Арис за бигор (сиво е паковањето), многу добро вади бигор, магично
Може и со Пулирапид, ама на сунѓер ќе ставиш и ќе ја затриеш цела туш кабина. Не го разредувај, немаш потреба. А за да спречиш да се создава, само филтри на чешма, нема друго решение.
Филтри на чешмата... Јас во кујна имам филтер, ама во тоалет не и исто и мене ми се прави доста бигор, таква ни е водата.. Ама со Арисот многу брзо излегува, буквално прскам Арис и после само плакнам. Ептен ако ти е повеќе закоравено ќе треба да затриеш малку.