Не знаев кај да го поставам прашањето ваљда тука е соодветно. Пружени алишта кога ги собирам на местото каде што стоела штипката има како белези. Чаре за тоа? И после пеглање остануваат не се флеки ама се познава баш дека тука била штипката.
Јас имам средство комплет со крпа , се прска 2 пати неделно и водата не се задржува и не ствара флеки и бигор после тоа. Чинам од Дм го зедов, не се сеќавам која фирма беше, ко ќе си појдам дома ќе го сликнам ако си заинтересирана
Здраво, веројатно прашањево е за овде, како ја чистите машината за перење?Се повеќе перени алишта на мувла ми мирисаат.Прочитав за сода бикарбона и оцет,ама каде ја ставате содата во барабанот или?!
Јас во барабанот ставам една обична капсула или таблетка за машина за тањири и како што кажа членката погоре оцет во делот за омекнувач и сода во делот за прашак мада можеш и во барабан директ да ставиш сода и така има ефект е сега јас имам посебна програма за чистење не е на 90 на 60 мислам е кај мене и така ја пуштам
Здраво, со кое средство чистите мат бели прочки? Патем, денес при монтирање на климата се оштети ѕидот(сега има дупки од бушењето). Ве молам препорака за мајстор за гипс картон.
Дупките се глетуваат не се става гипс картон на таква мала штета, не барајте одделен мајстор, секој молер може тоа да го среди, плус секако ќе треба да ви пребели на тој дел.
Две прашања 1. Дали некоја ги користи Лудвиг мислам се викаат капсули за машина за перење алишта? Од стокомак се, за бели намерно ги купив но како да имам проблем со пешкирите. Нови се, фино мирисаат откако ќе ги исперам но избришеш раце лице и веднаш добиваат миризба. Дал е до капсуливе или до пешкирите не знам 2. Имам туш кабина и надворешната страна долу има многу лоша боја. Силикон помешан со бигор и старост. Цело шишенце ајакс вц стаив ни 20% не се исчисти. Некоја магија да препорачате.
Мислам дека освен да го извадиш стариот силикон и ставиш нов нема чаре.Се собира доле и плус од долго стоење толку му е.Претпоставувам си пробала Арис,Доместос или полирапид?
Више не се сеќавам ова полирапид дал го испробав. Ќе зеам тоа и жица за садови. Или ќе изгребам се или ќе го оправам. Фала.
Да пробаш со саво за мувла што е. Имам силикон околу када во купатило само тоа ми помага. Напракај само и луфтирај многу мириса ама ке се исчисти.
тој што го пополнувал нула осет за естетика. Треба да се пополни израмни и пребели за да не се познава. Ама ова доаѓа под внатрешната единица, требало пред монтирање да се среди за да убаво се фати и исуши.
Со што да извадам пенкало од еко кожа? Пробав со сјај, магично сунѓерче и млеко. Со ништо од наведеното не излезе…
Не сум сигурна, ама мислам дека некаде читав со лак за коса. Пребарувај на Гугл дали има таков пример едит , еве
@Feminka22 Ова средство го имам јас Спојлер на исчистена површина прскам средство и пребришувам со крпава...доволно е еднаш неделно со ова да пребришиш и не останува воопшто бигор, и полесно се чисти се, буквално за неколку минути. Уште да видиш дали го има во Дм,пошо не ми е од Мк купено