'Рѓа не се чисти со ништо. Досега не сум успеала со ништо да ја извадам. Ако е скроз бела блузата, да пробаш со варикина да ја избели? Ама немам искуство.
Na gumickata od seckoto za kromid zabelezav kako crni naslagi. Probav ja iskisnav vo zeska voda i ocet ama ne uspeav dobro da ja iscistam. Dali moze da mi preporacate sredstvo ili nacin da ja iscistam?
Хелоу девојки Незнам каде да го поставам прашањево, можеби не е баш соодветна тема. Си купивме кревет пред месец дена, оној како тросед што се пушта и има душек во него, со железо и летвички е. Веќе неколку дена крцка од едната страна при вртење во спиењето. Мислев дека се летвичките, и денес уствари видов дека крцка железото. Дали има некое чаре за тоа, може ли некако да се подмачка, се будам во сон од крцкањево.
Здраво, сакам дрвени комоди и шкафови да фарбам во бела боја, дали некој има искуство, да ми препорача мајстор и цени отприлика. Ако постои тема, пренасочете ме.
Нежно со жица за садови ( ама може и да се изгребе патосот) или дувај со фен , ќе се стопи и бриши. Јас со парочистач поминувам и излага.
Како ги чистите рамните плочи со рингли? Ставам ѓезве за кафе, одма круг се познава. За тенџере за ручек да не правам муабет. Чистам со циф ама не е тоа-тоа, пак се познава.
Јас чистев со сода бикарбона и сок од лимон, и после со лимон превртен од внатрешна страна поминував. Ама мука ми беше. А имам дома паста на грин и си стоеше така. И пишав на другарка викам како ј чистиш пукнав и ми праќа од истата паста. Па тоа било милина за чистење. Башка преубаво мириса и е на природна база. Имало и во тинекс или веро некој спреј како пена и од тој друга другарка е презадоволна.
So sredstvo za masnotii, posebno sredstvo za ramni ploci na demk mit, i sprej na dr. Backmann. Moze da se najdat vo dm.
На мојата користам средство за рамни плочи од ДМ, истото што го спомна членката погоре. Ако имаш талог од вода можеш да побараш нешто слично на ова, нема да ја изгребе плочата ама ќе ја светне како нова - јас ставам од средството да стои неколку минути, после поминувам каде што има талог на плочата.
Здраво сакам да ве прашам за совет... При перење на бели алишта ми има залутано нешто црно и ми се има исфарбано само една блуза.. Повторно ја исправ блузата излезе дел од бојата, но пак има некоја чудна боја (изгледа како блузата да е носена 100 години, а ја немам носено ниту еднаш). Дали знаете како блузата да се врати во првобитна состојба? размислував за белило, но на блузата има букви принт портокалови, па и тие ке сменат боја.. Ве молам за совет
Што е најефикасно против глувци? Имаме дома, премногу ми е језиво и страв! Ставивме насекаде отров тој плавиот но ништо. Дали лепакот е идеално решение за нив? Благодарам