Фала ти тебе и на другите а за ова со марамчето сега и се јавив на мајка ми да и кажам, да не ми напраи беља . Може изгледав мутаво со прашањето ама прв пат купувам сако
Душица, точно е дека сако не се пере. Но, оние костумските сакоа, од тој тип (со потполнки на рамената што се), бидејќи се стуткуваат. Таквите само на хемиско. Јас сите сакоа на маж ми еднаш во 6 месеца на хемиско ги носам, а обавезно ги луфтирам еден ден надвор еднаш во неделата. Ај и јас да побарам советче. Имаме камин (гусен) што летово го исфарбавме со специјален спреј на кој што пишуваше дека издржува температури до 600 степени. Но, гледам сега дека почна да обелува, од црно почна бел да станува каминот Некоја боја за камини, ама да не мириса? Само спрејов не ми го препорачувајте
Абе како не се перат? Ај јас да незнам, ама мајка ми на брат оделата т.е. сакоата и нејзините а и моите ги переше, ама рачно не во машина, во млака вода. Баш и се јавив да ја прашам и ми кажа само внимателно треба да се пере, да не се тутка многу, и да се суши на закачалка со дебели ќошеви за нараменици. Ваква за да легне убаво во тој делот каде што се потпуниките.
Најубава на Петко, стравот лојзето го чува Што е сигурно сигурно си е, немам искуство со перење, па така не сакам да ја уништам втората љубов на маж ми-костумите. Додека не ми покаже мајка ти дека е сигурно, не перам, не.
Е тука во право си. Јас не сум перела, на мајка ми сум и давала вакви по деликатни стварчици да пере. А и подобро е што викаш на хемиско отколку дома да експериментираш. Иако има разлика помеѓу сако од костум, и овие модерниве сега што се носат. Тие од костумите се погруби, со потстави, потпунки и сл. А овие денешниве се прашувам и дали имаат потстава, башка и од многу мек материјал се правени, па перење не би требало да им нашкоди .
Да Најубава тенко е и има некоја постава. Го испра мајка ми вчера и еве сега суво е и стои на закачалка, кажа дека после ќе го испегла и за сега е здраво
Овде ќе го ставам проблемов, бидејќи верувам дека побрзо ќе добијам одговор. За НГ купив подебели холахопки (70 денски) и при самата проба дома на горниот дел видов поголемо дупче кое почна да се шири. (веројатно такви ми ги продадоа ). Не сакам да купувам нови, одвај ги најдов едни такви, а и скапо ги платив. Им стадов лак за нокти. Ве прашувам колку време може да издржи така лакот. Ми е страв да не попушти, па да ми се рашири котолецот до долу. (Планирам да ги носам за втората вечер во кафич.)
На самото дупче стави лак од сите страни и не ги тегни многу и ке ти издржи. Е сега некаде прочитав дека можеш да ставиш и лак за коса и тоа би држело , но јас не сум пробала така, само со лак за нокти и ми издржале, но како што реков бњз многу тегнење
oble;i пoдолга суќна или пантолони за секој случај врз нив ха,ха П.с. убо да си поминиш то е најважно !
А зошто ако дупчето е ептен горе и нема да се гледа што и да облечеш, не го сошиеш? Така барем и понатаму ќе можеш да си ги носиш. А ова со лаков џабе е. За 1-2 саати ќе пушти
Пријателки имам едно прашање, Овие денови само во кујната се појавија мушички ама многу ситни ( такви излегуваат кога ке се расипе некое овошке/зеленчук.. и од малку станаа многу. проверив да не скапало некое овошје -нема ништо. дознав дека се јавуваат ако се расипе ориз , грв итн , но нема ништо такви. и сега како да ги уништам. прскав со еден спреј за инсекти но тие се префрлија во др. соба и потоа пак се вракаат назад. некој совет што да правам?
Мене од саксиско цвеке почнаа да ми исачаат мушички и многу ме нервираат.Изгледа од премногу вода Го ставав цвекето на тераса мислев ке ги снема , после пак гледам се појавија .... Незнам ни јас како да се спасам од нив !
Фала ви женски. Се надевам дека ќе издржат. А, за мушичките, и дома едно време се појавија во кујната (околу една недела), се` проверивме дома, немаше на `што` да се закачат. Потоа ги снема.
Оф, на втората вечер од нова година носев фустанче со бело и баш кај што е бело ми се истури црвено вино! И тоа голема е дамката. Аман кажувајте како да ја извадам оти не е баш ефтино фустанчето и плус ми беше едно од омилените.
Имам слушнато дека дамка од црвено вино се отстранува или со сол или со бело вино ама веднаш откако ќе се извалкаш. Да сум на твое место би пробала со бело вино со оглед на тоа дека дамката е веќе сува па да ставиш сол не би имало ефект...или пак навлажни ја дамката па стави сол. Пробај
Требало веднаш врз дамката да полиеш бело вино. Јас секогаш пијам црвено вино, само доколку некој на масата пие бело, зошто како што сум трапава, обавезно туркам чаша, се накапувам, ми прска кога ставам и сл глупости, па ова се белово вино во без број ситуации ми помогнало. Сум слушнала и дека помагало сол веднаш да ставиш, меѓутоа не сум пробала. Но ова за веднаш, бидејки твојата дамка е одстојана пробај накисни го со Вениш, и остави да откисне цела ноќ. Доколку стои дамката, повторија постапката, и после испери го убаво. Доколку е од некој погруб материјал стави го во машина, само фустанчето и наместо прашок, стави Вениш, а потоа и прашок. Би требало со Вениш да се исчисти, тоа е единственото средство за ваква намена што го знам, можеби постои друго, девојкиве ќе кажат .
На Нова година кај нас имаше инцидент со црвено вино, на едната дамка јас ставив сол и прашок и го закиснавме тоа исфлеканото, а на другата блуза ставија бело вино. И двете дамки ги снема, ама мислам дека решението е одма да ставиш. Да напоменам дека едната кошула е светлосина, а другото џемперче беше светло кафено, сега немаат ништо.
Можеби прашањево не е во соодветна тема но сакав да ми дадете мислење за биро за компјутер. Во план имам да купам , но ми треба некое помало да зафаќа помал простор, поедноставно. Бидејќи не сум излезена да разгледам, дајте ми некој предлог каде би можела да најдам, некоја слика и сл. Фала
Не можев да најдам некоја посоодветна тема или некоја каде е дискутирано за ова, па може некоја домаќинка ќе знае да ми каже како да одржам буќет со ружи подолго т.е. како ружите да ми останат подолго свежи? Не знам дали е добро да им се менува секојдневно вода или има некоја друга финта?