Ако се овие наслаги ние дома прво со средство да омекнат малце, па со специјален жилет за плотна ( гледам во Вучко го има, ние од алиекспрес ги нарачуваме ) Инаку мене за стаклени плотни ми е најдобро ова средство Јас да прашам, "поздрава" варијанта од чистење вц наместо доместос? После секое чистење јас кашлам од тој иако чистам со маска, ич не го сакам а само тој најефикасен ми е
Во машината за перење и сушење многу ми остануваат влакненца на гумицата... Ако не ги исчистам веднаш, во нареден циклус ми се лепат на алиштата... Некое решение за ова?
Нема решение , освен после секое сушење да избришеш со крпа или влажна марамица. Сум ги заборавала да ги пребришам и џабе е, се лепат кога ги вадам.
Кога раб. во една фирма, женичката што чистеше мокреше крпа со алкохолен оцет и ја ставаше во внатрешниот дел од шољата. Врз крпата или под неа сода бикарбона. Ова за бигорот да не се задржува. А и нешто друго што правам е алкохол на сунгерче со некое ,,поблаго “ средство, глос или на виолета има едно за санитарија, поминувам, после со чиста крпа пребришувам.
Чиста солна киселина. Ќе ја оставиш да постои, па ќе пуштиш вода, носи се' со себе. Не мириса толку колку Доместос, јас одамна го исфрлив од употреба. Додуша јас преку ноќ ја оставам во шолјата да отстои, секако затворена, па сабајлето само пуштам вода пред да ја отворам, и после ако има нешто останато, поминувам со четка. Ова за внатре, од надвор си чистам со средствата од ДМ за тоалетна школка, супер се.
Девојки како најефикасно да се избелат фармерки? Пробав со варикина ама не се скроз бели. Беа кремави, светло, избелеа до некоја си жолтеникава боја ама сакам скроз бели да станат. Се убив од барање по сите молови и бидејќи е зима нема бели најобични тесни фармерки. Сите се или широки mom jeans, или ногавиците не се порабени туку само исечени.
Помош ! Ладилникот има некој мирис лош. Исчистен и со оцет пребишан и пак мириса незнам од што. Не сум имала рссипана храна . Совет ве молам
Стави еден филџан млеко да стое во фрижидерот,ја апсорбира целата миризба,јас скоро секогаш чувам по половина филџанче млеко и на неколку дена го мењавам.
Провери назад дали канистерот е полн со вода, можи од неа да мириса и внатре од задната страна долу треба да има едни дупчиња, види да не се тие затнати.
Женски како да ја спасам плотнава? Видов на интернет со пециво и лимон мислам беше дека се чисти плотна и вака ми се направи. Сега не можам да ја оправам.. Кажувајте чаре
Како да извадам дамка од костен ми прсна вода кафена од костенот додека јадев и со ништо не излегува ….
Пробај со топла вода и со ноже или сунѓерче нежно за да не се оштети вратата. Мора трпение за ов, јас пробував и со средства и со чистач на пареа не излегува ич лесно.