Каде да најдам прстени за салфетки во овој стил? Златни, сребрени, со бисери било какви освен обичните хартиени од цвеќара. Може и онлајн, освен алиекспрес ми требаат за брзо.
Со Доместос, стави на флеките и остави да делува 15 мин па исплакни. Ако не се исчисти пробај со варакина на крпа и остави ја преку ноќ на дамките. Сапунчето за флеки од ДМ, со сунѓерче се чистат сите флеки од гарнитурата.
Јас кога барав така исто ми имаа кажано дека нема и земав да барам ги најдов на друга страна делот каде им стојат сунѓери,крпи за чистење.Жилетот изгледа црн со темно сина боја.Имаш и во Вицко еве го
Фармерки, ги ставив да се сушат во близина на парно ама ги заборавив.. Од топлото, ожолтеле, има ли начин да се спасат?
Здраво, дали знаете каде може да се најдат вакви даски во Скопје? И каде има најголем избор на вуница?
Како да ја вратам бојата на фустанот го пуштив на брзо перење со некој други стварчиња и од крем доби некоја сивкаста боја?
Отстранувач на несакани бои. На Бекман. Е последно немав, па со сапунот за флеки не знам дали ми е на Др. Бекман или Денк мит на рака ја поминав, убаво пена да пушти и ја исправ во машина стандард и се оправи. Ист случај од крем, сивкасто беше обоено.
Леле ти благодарам, јас реков толку од фустанот ,го имам и сапунот ама мислев дека тој е само за флеки,денес ке го купам елиминаторот на бои од бекман и ке видиме дали ке го спасам.
Црни фармерки ги исправ на 40° со други темни алишта и ми излегоа како бели линии само на нив. И претходно така сум ги перела, немало проблем. Мислев да не е вишок детергент или омекнувач и ги пуштив уште еднаш на плавење и центрифуга, исто излегоа. Од шо ми се случи така? Можат да се оправат некако?