Денес го тргнав креветот за да исчистам и душекот кога го кренав, што да видам, мувлосал, летвички 2 исто на истата страна кај што е мувлосан душекот. Нови се купени пред 4 месеци. За душекот знам треба нов ама летвичкиве како да ги исчистам?
Јас немав елиминатор и со сапунот му влегов трзајќи. И се оправи. Мене џемперче еднаш облечено ми се зафркна и болна легнав што се вика за да го оправам.
А да земеш нови летвички најдобро бидејќи чим еднаш почнала мувла пак ќе може беља да ти се направи .
Мора да има декларација ако е купено во Мк. Иначе се ставаат алиштата во машина, се бира соодветен програм, се пушта, после 15 минути се става средството во фиоката за детергент, и машината си тера до крај. Цела ќесичка е за машина до 3кг, пола е за помалку.
Нема декларација , затоа прашав инаку во мк е купено, јас пуштив со половина кесичка на 30 степени, само фустанот ,ке видиме што ке направи
Го исправ не е сифкаст ја врати бојата, ама приметив има како кругови флеки од сивата боја, ме намачи фустанов што да му праам сеа ,купив и сол од денк мит за флеки да му ставам у перење нареден пат,што мислите ке излезат?
Фустанот ја врати бојата ама има ко флеки одоколу ,дали треба пак да го ставам у средството да отстои, или да го однесам на хемиско? Да му се сневиди ке го фрлам во канта.
Не се остава да кисне во средството, само се пере со него. Јас лично имам позитивно искуство, се ми извадило. Ама мислам дека игра улога да не е испраното исушено претходно со добиената боја или флеки.
Од кое средство за флеки сте задоволни,од оние што се со пумпиица да испракаш пред да испериш,мака мачам со син ми све мора да исфлека. Го гледав на авакс баш сега во жито н акција само незнам дал е ефикасно,а арис не можам да видам дал има баш за флеки гледав денес во веро не најдов од арис.
Сапун др бекмен. Го има во веро. Најзадоволна сум од него. Арис ти вади само мрсни флеки, пример од манџа. А флека од крв или флека од трева не. Др. Бекман вади се. Ја наводнуваш.флеката ја мачкаш и ја истриваш рачно и после стандардно си ја периш во машина.