Може исто е не се разбирам некако си мислев во зграда дека повеќе станови па повеќе мириса канализација, ама може нема везе. Секако ако нема вода враќа мирис и кога дува сум приметила да мириса, а насабајле најмногу кога веројатно има најмногу движење во канализацијата после спиење
Здраво девојки, ми треба совет. Пред неполни две години се вселивме во нов стан и си немавме друга работа во туш кабината ставивме бели плочки и црн туш и чешма Секаде ни е ист стил низ станот, па решивме ни тука да не менуваме. Со другите плочки и елементи и чешми немам никаков проблем ама овие мака мачам да ги исчистам и доведам во нормала. Фугата меѓу плочките почнаа да менува боја, а чешмата и тушот побелуваат од бигорот. Има ли некој со сличен проблем? Како да ги белам плочите и како да го отстранувам бигорот? Едно од решенијата ни е да смениме иноксни елементи
Со што да ја вратам бојата на обоено парче облека при перење?? Памучна блуза е на синко, еднаш облечена, ја стросав, жива се појадов.
Како чистите лустери ама со стаклени топки проѕирни (темно стакло)? Цело време прашина се познава, прсти, а да не почнувам со тоа што и цели сијалици се гледаат.. најубави се денски
За чистење бигор од туш, чешма, стакло на туш и плочки мене ова средство од ДМ одлично ми се покажа, сигурно 5-6 шишенца имам истрошено. Следно после чистење и сушење на елементите, на сува крпа може да натопиш сјај за машина за садови (НЕ сјај за рачно миење садови) и да ги пребришеш елементите, така барем три-четири туширања водата подобро ќе лизга и нема да се засушува бигорот. Трето и што мене највеќе ме спасува е пребришување на чешма и туш по туширање, а на плочките и стаклото користиме squeegee по туширање. За иноксни елементи, кај мене се такви, верувај дека е истата работа, ако на око ти смета забигорена чешма и туш, нема да се спасиш многу и со нив. Едноставно водата ни е ужас. Само рутина и да ги вклучиш и домашните во неа.
Со што чистите мат медијапан? Имам пробано со неколку средства ама пак ми се познаваат прсти кај рачките.
За патики и јас не знам за алишта од бело фустанче убава количина чоколадно млеко беше истурено со омино бјанко ја средив.
Со што чистите дамки од дезодоранс на бели маици? Пробав со варикина, пожолте флеката, не ја извади целосно. Неко средство што ви е испробано?