Дали има мирис средството? Ми треба нешто без мирис, бидејќи во спална соба ни е појавено а и бебињата спијат во креветчиња во таа соба.
Се има мирис. ќе напрскаш ќе изотвориш се цел ден. Јас во дневна имав кога ставив пвц. Со изолација се реши. Види што е изворот. Е тие од фармаси и сл. не знам какви се . Може тие да немаат мирис.
Барав и јас природни начини на интернет баш ради креветчето на бебе. Тоа што најдов прво да се испрска зидот со киселина, да стои неколку часа. Па со растворена сода бикарбона исто во прскалка и на крај уште еднаш со киселина. По следниот пример. https://www.merrymaids.com/cleaning...hite vinegar,to completely absorb the vinegar. Релативно помогна кај нас. Меѓутоа повеќе помогна тоа што од надворешниот зид некои 20тина сантиметри ги повлековме и лежајот и креветчето, да кружи воздух повеќе, да не е како изолиран ѕидот. Поголема е спалната, па има простор. Повремено повторно прскам киселина и редовно, барем по еден час во денот проветрување.
Саво како што мириса токсично,ме штипи во очи и потоа уште неколку часа миризбава ми е заглавена во синуси.Јас само во купатило прскам. Немој во никој случај во соба со бебиња да си прснала.Ми се чини најсилно средство што сум го користела.
https://knauf.mk/product/уништувач-на-мувла/ Има вакво средство на Кнауф не знам дали мириса многу како Саво не е баш добро дека бебиња ќе спијат во таа просторија.Саво јас користам во бања трга мувла ама ептен мириса јако.
Фала ви женски ❤️ Кутиите не ги препорачувам пробав но џабе, чистам со сода и пак се појавува, мора да ми е без мирис заради бебињата. Мислам влагата дека се појави од премногу мебел во собата, до пред да ставиме креветчиња никогаш немало влага. Но тоа е мораме да сме во иста соба со бебињата се будат често навечер, во друга соба нема да ги слушнам.
Саво има јак мирис, ти требаа 2 дена, да биде отворено, за да се проветри. И кога ќе затворам, мислам пред нос ми стои миризбата.
3% хидроген. Напрскај на местото, нека постои и избриши со сува крпа. Повтори пак, додека не обеле ѕидот, на крај да го исушиш, да не остане мокар. Кај мене тоа имаше ефект во спална, пред неколку месеци го средив, не е појавена мувла засега.
Не верувам тоа да е причината, в спална кај нас има само брачен кревет и плакар- тоа е се и сопругот сам си спие само на вечер, преку ден никој не седи па се појави мувла, не ни помислувај на Саво, стварно е ефикасно средството само прскаш и за миг исчезнува мувлата ама миризбата е стварно јака, неколку дена се осеќаше миризба
Со што можам да извадам боја од бели панталони? Нешто ми пуштило боја во пералната и сега панаталоните од бели малку ми станале шарени,не се многу ама не знам што да ставам за да излези?
Бекман елиминатор на несакани бои, го има во сите поголеми маркети, следи го упатството. Ептен помага во вакви ситуации.
Исчисти па прскај со алкохолен оцет и кастрација иако и после може да продолжи да моча додека не му се смират хормоните