Кадр можам фа најдам организери за во плакар? Ми требаат за чорапи и долна облека, вака фрлени само страшно ме нервираат. Нешто како кутиички, прегради
Феминки, предложете ми средство за чистење на мијалник во кујна и средство за чистење мрснотија од рингли. Мијалникот е со бигор, плус малце рѓа има. Шпоретот го чистам со сјај за садови и крпа, ама ринглите се проблем не знам што да ставам за да се исчистат од зејтин, мрснотија...
Со средство за чистење рерна. Напрскај го, стај му пластична фолија и остај го саат време да отстои. Немаш гајле
Помош .. премногу се мачам со бигор на стакло од туш кабина. До сега имам пробано: -Доместос -Пулирапид -перметал -авакс за бигор -средство за рерни -средство за печки -абразивни средства од Арф, Ludwig(стокомак) -Арис за бигор -санитар -глос за бигор -клинко од кам -од дм она денкмит со јаболка и оцет -pizzicato (пак мислам од стокомак) -некое си Јак средство ужасна хемија -абразивна паста од Лила ефтината продавница -данаи фарм паста -Мил абразивна паста -прашок за облека перење -таблета за машина за садови Од останати обиди: -домашен сапун -паста за заби -оцет -мешавина (сјај за садови и сода бикарбона) -средство за вадење флеки од облека Авакс Имам триено со различни сунѓери, дури и со еден како жица од ДМ го земав. Рацете ми изгореа веќе цел месец пробувам никако не излегува..
Пресечи пола лимон брцни го во сол и триј,сама ќе осетиш како излага бигорот ќе се измазни,повторувај ја постапката. Пробај па кажи
Да ми препорачате нешто многу агресивно што ќе ми ја исчисти вц шолјата,има фатено како темен бигор не знам како да го наречам и никако не се вади ниту со Доместос ниту со варикина .
Pomini go stakloto so hartija za pecenje od maznata strana, otsranu a sekakov bigor bez nikakvo sredstvo. Taka cistam tush kabina. Stutkaj hartija za pecenje vo topce, i so maznata strana stiskaj vrz povrshinata so kruzni dvozenja. I terasata staklata vaka gi cistime. Za 2 minuti si gotova
Видов финта за сјај со садови ама за машина. Не сум пробала, мене ми го вади средството што го користам.
И тоа го имам видено, со хартија чистам чешми, ама стаклово не може ... изгледа е стар бигор и никако не попушта, сунѓерите се испокинаа, со четка гребев.. пак ништо.
Како да исчистам флеки од стол? Сива боја е столчето ... Успешно би било да тријам со омнио бланко или би било уште полошо?
А какви флеки? Јас на гарнитура чистев пенкало и мрсно со арис де грас. Не се познаваше. Еднаш пробав со таблета за машина за садови, флеката излезе, но остана малку обелено. Најефикасно ми е со пастата за текстил од Лила продавниците, некои 50-60 денари е. Ама ептен малку се става, за да можеш да ја исплакнеш.
Па можеш со тоа омнио ама стави и вода. Да не ја извадиш и бојата. инаку јас сега напрскав на стаклово саво од тоа за мувла. Уште тоа ми остана и солна киселина мислам.. се друго испробав. со маска бев прв пат ужасно мириса ми се слоши. Чекам да се излуфтира и да делува па ќе стругам пак.
Луѓе не излегува.. окапав.. нема ни мал напредок. Стаклото се разлабави од стругање и притискање, се плашам да не падне аман. Во овој стан живееја други го издававме, мислев ќе го исчистам некако.. не оди.. ќе пробував и со апарат на пареа, но искрено мислам џабе ќе се мачам. Ќе се смеете да ви сликам колку средства купив, па ново стакло можев да ставам за тие пари..
Јас стаклото од туш кабина го чистам со ова средство и со она ноже за рамна плоча стругам и се вади бигорот.