Го земав денес средството. Ништо не се случи, како и секое друго. Такво ноже имам купено, ама мислам да не изгребам, ќе пробам и со ножето. На суво ли ? предложете и други алатки, очигледно не е до средствата, сунѓери имам 3 вида: обичен, магичен демек мазен еден и од ДМ еден двостран како за гребење е. Четка имам стара за заби и една за вц рибањњ. Не помага ништо. Апарат на пареа имам меѓутоа само со пареа не се случува ништо...
Пушти вода намокри се убаво стаклата и плочките ако е таква твојата туш кабина.После напрскај со средството истриј со сунѓер нека делува малце и земи такво ноже и тргај го бигорот.После испери со вода ако треба постапката пак повтори ја.Јас само вака успевам бигор да тргнам.
Епа баш стакло е. На држачи стои, немам врата. Караг мислам пишува, калено било. Ќе пробам сега, ако не биде и тоа не знам.. Водата ни е многу лоша, често фаќа бигор и тоа страшно. Дома исто имам бигор ама излегува со Пулирапид, не тријам многу. А ова на прв поглед изгледа малце бигор ама веројатно не е чистен никогаш и сега нема спас..
Како чистите црни плочки во купатило? Колку и да ги чистам, бришам, остануваат како замачкани, побелени.. Ваљда од каменец од водата. Има ли некој трик со кој што ќе ми светат?
Поради затнат одвод, моравме да сипуваме хлор и жива сода, и сега мијалникот ми е цел со дамки. Пробав со алк.оцет, сода бикарбона, сјај и жешка вода, не успеав. После пробав со The pink stuff пастата, исто неуспешно. На крај и со Доместос и ништо не излегува. Девојки, со што веќе да тријам?
Само со овие средствата за бигор, па после со оцет, па со влажна крпа. Нашите беа побелени од фуга или од тоа после фуга што ни го ставија, пробував само со оцет не се случи ништо. Прскав тогаш Авакс за бигор па триев малце, бремена 8 месец на стол се качував, може да беше и до инаетот предизвикан од хормоните инаку од моето стакло бигоресано сум на раб да се откажам. Со маж ми се скаравме вчера, скапо било тоа купено, најверојатно е оштетен заштитниот слој и затоа не се чисти никако. Денес скришно земав WD40 од гаражата, па после работа ќе пробам и со тоа. Ако не биде ништо бегам.
@DarkStormm дали ги оставаш средствата да одстојат или одма бришеш? Пробај со лимони, исцеди ги и испрскај го стаклото, фрли сода бикарбона и уште еден лимон исечи го на половина и истриј го стаклото остави 15-20 мин и измиј со вода, после избриши со сува крпа.
Zdravo na site.. bidejki neznaev vo koja tema da pisam,se nadevam nee na pogresno mesto Nalepnici za zacini dali ste sretnale videle nekade..potocno vo ohrid Fala
Пробај со средство за чистење рерна, напрскај го, стај му пластична фолија и остај го да поседи 2 - 3 саати
Жени, зашо машината за алишта во делот за омекнувач почна после перење да ми се полни со вода? Исчистено ми е кутивчето за детергенти...и не ми мирисаат како порано?
Можеби треба да пуштиш празна машина за да се исчисти. Можеш со специјализирани таблетки или капсули од Дм за чистење машина, а можеш и со алкохолен оцет внатре во машината да ставиш и на јака температура. Јесда е машина за перење и очекуваме да бидат перфектно чисти, ама и на нив им треба чистење и нега. На мојата дома по правило после 44 перења треба да и' се направи таа постапка. Не мирисаат како порано токму затоа што не е чистена машината.
На алиекспрес, налепниците доаѓаат со бел фломастер, се брише напишаното со вода. Убаво лепат на стакло, задоволна сум јас. US $1.37 21%OFF | 36-50pcs/Set Jars Labels Erasable Chalkboard Labels Waterproof Sticker Craft Kitchen Blackboard Sticker Bottles Tag + Marker Pen https://a.aliexpress.com/_m0Cpn7W