Здраво, Дали знае некој како можам да исчистам флека од пудра на кошула? Пробав со тоа средството од кам, омини бјанко мислам беше, нејќе.
Не знаев каде да го поставам прашањево па тука. Кажете ми страни освен Зара хоме од каде можам на интернет да разгледам работи потребни за кујна,дневна и тоалет и од коишто сте задоволни. Сакам да купам кутии за шеќер,сол, ножеви,виљушки тањири итн.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100064354765222 https://www.facebook.com/ComoditaHomeMacedonia https://www.facebook.com/viakupionline
Му порачав на маж алкохолен оцет демек ќе ја чистам машината за перење. Сега читам на него прехрамбен оцет Можам со то или да одам по друго? Веќе сите вида киселини ги имам, некој ќе си помисли ги пијам
Во делот за прашок сода, а кај омекнувачот оцет и на 90 степени. Е сега јас имам на машинава програм за чистење пишува на 70 степени, 2 и пол сати трае, ваљда не ќе утнам. Прв пат ќе ја пуштам и јас, така ми кажаа дека правеле. Само ова ме буни со оцетов па ќе почекам да каже некој искусен
Не можев да најдам свеж спанаќ, па си земав замрзнат. Сакам да го зготвам со ориз, стандардна манџа(не во рерна) течна. Како го готвите?
Сакам да ја исчистам рерната со средството од Дм DenktMit,но дали има некој начин за полесно чистење со него,пример да треба да стои напрскано некое време?