Има ли некое средство кое спречува таложење на бигор? Значи не за чистење туку за спречување. Водата е катастрофа, секој ден поминувам утре дента пак фаќа бигор на чешмите
Здраво, се преселуваме во нова куќа која не е вселувана, поради тоа има доста прашина и пајажини. Ги исчистив паркетите неколку пати но пак нема сјај и има прашина, дали има некој да ми каже некое средство што му помогнало, ја се мислев следно со политура, исто така и за фугите помеѓу плочките некое средство кое ги чисти убаво и ги обелува? Ви благодарам, поздрав
Уметничко лизгање после низ дома. Не прашувај од кај знам Со пронто за паркет пробај. За фуги случајно земав едно од Кипер - Ернет ефикасно ми се покажа.
Не најдов соодветна тема, па ќе пробам тука. Мака мачам да ја исчистам гарнитурата. Нема некои флеки, но има мирис.. Како на отстоено, старо. Ја чистев со едно средство од дм, со сода бикарбона ја остаев да отстои, па пак со средство, јок. Ништо не помага. Друго чаре има ли?
Ми капна вода на паркет, и сега ми се познаваат бели флеки, како подуен е паркетот на тоа место, има ли решение?
Што користите за површини, кое средство ви е најефикасно? читав пред некое време за некој домашен спре, со оцет мислам беше ако знае некој? Да не ми обелат површините па, црно бел ми е станот
Жени ај хелп. Добивме поклон фритеза на топол воздух. Истата оваа е. Денес ја пробав за компирчиња и буквално пола беа живи и не доправени. Каде грешам не знам. Ги пуштив на 30 минути иначе.
Да не си ставила поголема количина, па затоа да останале живи? Погледај рецепти на јт да видиш отприлика како спремаат храна во неа.
Баш ѕирни. Реално тефал е многу добра марка и би требало да е добра фритезата. Имаше еден период кога размислуваме да земаме и баш гледав некои видеа на Јутјуб и кога видов колку малку храна ставаат за спремање, се откажав.
Распрскувач за масло купи си, за да бидат со убава златна боја компирите, иначе можеби не си ја погодила програмата, или премногу количина си ставила, или пак премалку време ти биле внатре.. Експриментирај, ќе го научиш..
Нешто што ќе направи бариера помеѓу водата и чешмата. Имам пробано со бебешко масло и со средство за полирање ламинат, мала количина и не е лошо. Не остануваат флеки.