Пограшека кога го запржував оризот наместо зејтин ставив оцет. Што да ставам за да небиде кисел или директно во канта?
Имам една маица на кратки ракави бела со црвена крагња (работничка маица) Немаат да ми дадат друга па пошто работата ми налага морам да ја перам секој ден за да биде бела. Ми рекоа колешките да пазам ако ја ставам во машина црвеното знаело да пушти на појаки степени и од бела да биднела розе На рака ја перам ама некои флеки не излагаат Прашање: освен The Pink Stuff за флеки дали има нешто друго за рачно перење да ги вадам флеките?
Отпосле прогуглав на подфорумов и видов дека го пофалиле еден во Кам течен детергент или па мене ми текна на Vanish па сеа не знам кој да го земам.
Женски знае ли некој како да се управат бели офарбани алишта од перална ? Една бела блуза со црни рамки ми попримила боја од рамките До сега без проблем ја пуштав со бели алишта и после 10тиот пат перење само таа попримила боја од рамките , сега е сива а ми е омилена … Знае некој како да ја извадам бојата за пак да е бела ??
Dr. Beckmann сапун/ средство. Го има во ДМ. Штом видиш дека заболуваат туите одма отстранувај го болниот дел за да не се прошири. А на оваа туја на сликата, за жал и нема спас.
Феминки, знаете ли да предложите некое средство за фармерки? Ги имам направено со некоја црна флека, веројатно од автомобилот. Со што би можела да се испере? Со се е пробано.
Пробај стави сјај за садови на флеката и после стави во машина да се пере или со паста за раце пробај да ја исчистиш флеката. (треба да има и во помало пакување)
Каков проблем може да има машината за перење ако не ги пере убаво алиштата? Не се баш непрани, ама чудно мирисаат, перам со Ариел (најмногу приметувам кај темни алишта). Го извадов филтерот го исчистив, исто така и преградата каде што се реди прашок
И мене црните алишта со бели флеки ми се прават, сменив неколку вида течни за темни, и пак упорно се прават...
Мене белите ми се правеа со флеки кои не излегуваа, викавме мајстор ја направи, имало некој проблем со тоа бубањот или како се вика, и после 2 3 перења пак исто и ни кажаа да си купиме нова.