Во купатилото почнаа да ми се соберат мали мушички ( тие шо летаат) , имам прочитано дека излегуваат од водникот, кажете некое чааре. Чисто е се, незнам зошто така, цевките се нови пред недела време ги сменивме а секој ден се повеќе мушички има.
Девојчиња како да извадам флека од чоколадно млеко и модра слива ,пробав со сапун бекман ,сода бикарбона ,омино бианко .... не се вадат
Ако е бела облеката стави малку хлорна киселина (Доместос) и протриј го со вода , се ќе излезе. Но само ако е облеката бела повторно ќе напоменам
Здраво, не знам дали прашањето ми е за тука ама пак ке си прашам Имам патики за трчање и имам нагазнато нешто што мн лошо мириса, почна и чорапот внатре да ми замирисува. Ги исправ патиките ги триев со прашок и сода но уште се осеќа тој мирис. Со што би можела да пробам да се неутрализира мирисот?
Здраво, не можам никаде да најдам саво против мувла, ми треба за во туш кабината.. некое друго јако средство ефективно? Пробав со варикина, со сода, не се вади
На празно пуштете ја машината со сода и алкохолен оцет, и вратата од машината да биде секогаш отворена кога не се користи, кај свекрва ми мирисаше на буѓа бубањот и црните алишта со точки бели како флеки, сигурно има негде прашак заглавено, и тоа кај што се става прашакот редовно миење. Инаку темни алишта перам со течен, а светли со гел, ама гелот остануваше на некои алишта, сега со прашак како апчиња како за машината за садови што се.
Jас не мерам, отприлика сода 1 пакетче ставам и оцет пола филџан, заедно ги ставам, и кај прашак што се става и во бубањот, после неколку перења редовно така правам и тоа кај што се става прашак редовно го мијам, откако ќе испере машината вратата си стои отворена, никогаш не ја затварам.
Може тоа средство Саво да се користи на ѕид? Имам мувла околу прозорот во спалната, со Доместос растворен со вода бришев ама не излегува
Кипер и Кам ги нема, тие си продават производи што само таму можеш да ги најдеш, види во локални поголеми маркети, ДМ, Тинекс
Не знам колку се забележува на сликата, перничињата имаат како жолти наслаги, ги перев но не излага, со кое средство би се исчистило и дали е можно?