Мене ми се има десено нешто слично при перење на патики (мислам дека е од самиот детергент, недоволно добро плавење). Пробај стави ги во машина само да се исплават (или пушти ги да се перат уште еднаш без детергент). И пред тоа можеш со влажни да истрзаш таму кај што се флеките. Мене на патики ова ми успева, се надевам ќе ти помогне.
Хаха да не ме гледаше низ прозор еднаш ги исправ со детергент па се исуши па поново в машина без детергент пак исто и на крај трзав со влажни марамчиња и пак ништо
Стави им омино бианко, директ на флеката. Не знам како ги переш, ама јас ги расплетувам, ги перам на рачен програм на 30 степени и пуштам центрифуга на 400 вртежи. Вака не се премногу мокри кога ги вадам и брзо се сушат.
Нареден пат пробај да ги сушиш под сенка. Вакави флеки се појавуваат кога се сушат директно на сонце.
Дали ви се има случено од машината за перење алишта, на маиците дупчиња да ви се направат? И тоа на нова маица, обично новите ги перам на рака, ама сега со другите алишта сум ја ставила и новата, и како да извадам пудра, кога перам на рака се вади со едно средство директно ставам на флеката, незнам како се викаше, го потрошив, а во машината не се испра флеката од пудра. А исто друга маица ама таа за по дома ми е, ставив средство и ми се ишара цела маица.
Може доцнам со одговорот, и јас така полуживи испаднаа, само готови компири се користат, оние замрзнатине, за 10-15 мин. готови.
Дами, убаво и квалитетно средство за стакло од кое сте задоволни? Цена не ми е битна, сакам само да не размачкува
Diplo розево. Не ми мачка и убаво ми мириса не е како класилните за стакло што мирисаат. Парацетамол и пинцета, на загреана пегла.
За клуб маса во дневна што е подобро, стакло или гума од тие дебелите на метро што одат и дирекно се лепат на масата?
Гумираните подлоги се собираат со тек на време, им се редуцираат рабовите и пожолтуваат, па доста лошо изгледа тоа. Јас искрено ништо не би ставала врз клуб маса. Сега зависи и од моделот а и од замислата, ама мислам дека нема потреба од ништо дополнително.
Ајакс за стакло и нова крпа. Со стари крпи ми остануваат мачканици. Исто стара фора, место со крпа, да ги избришеш со згужван весник, обичен весник не списание или со бел лист хартија ми успевало.
Девојки со што можам да исчистам кафеави мат плочки во вц? Целите се со бели дамки, ќе исчистам измијам со вода супер е се, откако ќе се исуши пак исто со бели дамки остануваат..
Плочата на ќерамичкиот електричен шпорет ја пребришав со мр прорер ама ми останаа како дамки некои со што можам да ги исчистам и дали може да се исчистат?
Стакло, гумите пожолтуваат, и со ништо не се чистат. Јас што не пробав, пак имам бели дамки, пробај со ножето и со средство едно во дм има црна е амбалажата, со фрош, циф, сода и оцет пробај, една паста не ми текнува од кај ја порачав, ама мене не ми излезе, што е најлошо не ми ни претече нешто, дали од тенџерето незнам, бели флеки, затоа сега готвам на мини шпорет и немам мака за чистење. Овие многу се нежни, вода да капне се познава.