јас ја чистам со сјај и сунгерче за садови ама од рапавата страна.ја рибам плочата само не премногу јако и потоа со виледа ја пребришувам едно 4-5 пати и чиста е
Јас ја напрскувам прво со вода, па наросувам сода бикарбона одозгора, и така оставам 5мин. После тоа рибам (не јако пошто се греби) со рапавата страна на сунѓерчето, и за крај, истурам малце бел алкохолен оцет, поминувам со мекото од сунѓерчето и свети ко нова За уште подобар ефект - не оставај оцетот да се суши, туку помини со сува крпа, така нема да се познаваат никакви траги/линии
Јас користам CIF жолтиот засега супер ми се покажа. Со малку вода и сунѓер ја премачкувам оставам неколку минути, и потоа ја пребришувам. Не сум пробала засега друго средство ама ова доста помага..
Домакинки помагајте Низ дома најдов скафандер за скијање преубав, ама на него позади има име на фирма, не знам дали ќе успеам да објаснам убаво ама ке се обидам Значи како на маиците што се штампаат така и овде е исштампано. Е сега проблемот е што сакам да го извадам, дали се гребе дали некако се вади, помагајте?Фала ви однапред
Имам тостерче (оние со срциња-германско) во него печам палачинки, ама сега забележав дека на едно место тефлонот почнал да се лупи, ај помош како да го спасам тостерот зошто децата ги обожаваат таквитр палачинки срце (а не се баш ефтини па да си купам нов)
спас за жал нема ,кога тефлонот ќе напукне ништо не го лепи или поправа . инаку во техномаркет ваквите се по 1500-2000,на партизанска одма до студио леонтич има една продавница за бела техника и таму има кинески од 800 -1500 мислам беа во зависност од тоа колку дополнителни плотни има ,јас имам земено од тие и сум задоволна еве веке 1 година го користам .
Значи ти треба некое средство на база на нитро што ќе ја растопи бојата на штампата. Незнам од каков материјал ти е скафандерот али пробај малку, пажљиво, со ацетон или разредувач за боја. На памукче стави ацетон или разредувач па тапкај на местото и ќе видиш реакција на штампата Отиди таму каде што се продаваат бои и лакови и кажи им и тие ќе те посоветуваат или пак ако можеш да најдеш или знаеш некоја штапмарија па да прашаш. Обично после неколку перења излегува бојата на штампата ама зависи од бојата која е користена.
Домаќинки потребна ми е помош. Плочките од кујната ( на подот) ми се некои места како нечисти, а ги џогирам секој втор ден. Предложете ми некое појако средство од Ајакс? И уште нешто да прашам ( ептен сум очајна ) како да ги бришам плочките што не се на подот да не ми се познаваат како траги од крпата?
За подните-со сунгерче(рапавата страна) и Вим, Циф или слично, па триј кај нечистите места. За ѕидните-Пробај да ги чистиш ги исто како прозорите.Или со средство за стакло или со сјај па со сува крпа.
го изгребав паркетот дома има 3 големи лини, а пред неколку месеци го лакиравме. Да ми кажете нешто како можам да го покриам со некој спреј или нешто слично. Се мислев да пробам со безбоен лак за нокти ама не знам како би излегало после тоа... Би ви била многу благодарна затоа што ако види мајка ми готова сум.. hock:
Прво што ми падна на памет е да пробаш со полир паста (така ги спасуваат колите од гребнатини за да не ги фарбаат). Ги има неколку видови али ти земи од онаа што има најситни-најмали гранули. Ова ќе ти помогне под услов да не се толку длабоки изгреботините. Прашај кај овие што се за бои и лакови можеби има полир паста за паркет. После лакирање знам дека се полира паркетот ама не сум сигурна дали ставаат нешто или само со машината го полириаат.
ve molam ako nekoj znae da mi kaze so sto go cistite zlatniot nakit,pocrnet mi e a ne mi se nosi na zlatar zaso toa cesto go pravam i smaceno mi e,kazete nesto za vo domasni uslovi [mod-kirilica:1c4ofw6d][/mod-kirilica:1c4ofw6d]
nakit Ако често (читам често одиш) ти поцрнува значи не е чисто злато и да ти ги врати парите продавачот
Бамбусот додека беше ладно времево го чував во вазна со вода, но во поладна просторија и гледам листовите му овенале и се пожолтеле. Ги скратив листовите и си остана само дрвото така потчупано. Дали ќе пушти листови или пак не, да го фрлам
Денешново брзо и современо време некако не ни дава можност да конзумираме квалитетни продукти. Еве на пример леб. Низ продавнициве има милиони лебови со вакви или онаквни житарки, лебови кои се полни со адитиви, конзерванси и боја. Многу размислувам за домашно правење на леб, меѓутоа она традиционално месење некако на нас „современите домаќинки“ не ни иде баш. Сум размислувала за купување на оние машини за месење и печење леб. Дали некоја од Вас има ваква машина....некое искуство? Познавам неколку кои имаат вакви машини и се презадоволни. Што мислите вие?
Со паста за заби, што помоќна, што повеќе мириса на минт, пеперминт, полесно чисти... Со некоја мека четка за заби, и малку паста на неа, и полека триј по накитот, на тие места кај што е повеќе потемнет, повеќе триј, исплакни,триј... Инаку, накитот потемнува од влага, чувај го во затворени кутии, никако во купатило, или најдобро во ќесички оние што се затвораат... Инаку и за останатите, пастата за заби чисти и сребрен, златен накит и бижутерија.... е сега ако бижитуријата рѓосала тоа не чисти, ама ако е само потемнета, ко нова е
Никако не фрлај го,тој ке си стои некое време во водата и пак ке си пушти лисја според мен ова дрвце може цел живот да трае