Дома ставија нови парна, а цевките не се вградени во зидот туку надвор од зидот и така низ цела соба. Врз цевките се ставени бели кутии или како се викат незнам за да не се гледат цевките. Е сега, проблемот е шо врз кутиите ми се појавува мувла низ сите соби. Чистев неколку пати со специјално средство и за неколку дена пак се појавува. Денес пак исчистив и ги пуштив парната да видам , може ќе се исуши. Имала ли некоја такво искуство? Шо да прајме, да ги ваѓаме кутиите или да чекам да се исуши АКО се исуши??
Имам плишани играчки меѓу кои 2 големи мечки, ќе ги ставам во машина на рачно перење (ми стоеја во гаража) ама дали може да ги ставам и во сушара на некој послаб програм или да не си играм?
Не си ја барај бељата. Ќе се соберат од топлината. Што направи? Мувлата нас ни се појавуваше и на ѕидот. Јас ставав средство и сушев со фен. Немаше некој ефект. После една недела пак проблем.
Сега за сега нема, али и не ми беа многу пуштени парната, сеа пак фати жешко, ќе ме полуде ова време. Ама пак ќе се појаве, мислам дека внатре во кутиите е полно со мувла.
Не знам за во леѓен. Стави ја во машина, пушти и после 10-15мин истури го средствово и додади вода во преградата. Пола од средствово ќе ти заврши работа ако се само панталоните.
Јас си имам уништено дуксерс со ова средство..Од портокалова стана бело портокалова. Пробај прво на некој дел од панталоните каде нема да се познава.
како најубаво да ги избришам прозорите, со кое средство? неколку имам сменето џабе, ко ќе сврти сонцето цели се замачкани и се нервирам. кажете нај ефикасен начин
Jaс ставам една капка оцет во водата, и топ се прозорите. Сретства џабе користев сите заникаде-тие за прозори. Сакав да прашам со што чистите стакло од туш кабина? Како да не се познаваат капките, што да ставам? Не можам да го гледам така, секој ден го бришам.
Имаш многу избор.Јас користам еден од Лидл земен одамна околу 50 евра. Буквално за се го користам. Подови, купатило, прозори, рерна.
Здраво Имам птоблрм со плотната за готвење фали сте имале таков проблем какво тенџере да ставам ми остава како гребнатинки и не се чисти, само го ставам и тргнувам не го гребам никако незнам што да правам ве молам за помош.
Здраво незнам дали е прашањето за овде, но ако може некој што имал слично искуство да ми помогне. Пред еден месец приметивме дека дома ни има влезено глушец, ајде да не биде одма отров пробавме со лепак, ама без успех после земавме стапица по 2 дена се фати едно, таман мислевме дека нема веќе дека е само тоа откако направивме дезинфекција после еден ден пак имаше траги од измет веќе решивме дека ќе мора да земеме отров. Од саботата ставивме отров и еве секој ден јаде незнаеме дали е еден или повеќе. Незнаеме од каде и како е влезено проверивме никаде нема дупка ни од надворешната ни од внатрешната страна. Веќе незнаеме што да превземеме ако може некој што имал ваков проблем да ни помогне да ни каже како се спасил. Се сомневаме дека била женка и дека тука се има размножено, ама премногу вешто се крие и никако неможеме да и влеземе во траг. Би ви била благодарна за било каков совет.
Со кој тип на џогер (или било што друго) најлесно се одржуваат подовите за често/секојдневно чистење? Под услов и после лесно да се одржува/чисти џогерот. Не ми се допаѓаат џогери со реси затоа што би заглавувале влакна и сл, па после треба и тоа да го чистиш... Дали парочистачите се добри, лесни за употреба? Ако да, кој би препорачале?