Јас имам парочистач Fuego. Го купив од Нептун. Имаше и други марки. Не треба средство. Само вода. А може и дестилирана. Има само две крпи. Една поголема и една помала. Овој има и повеќе делови. Може и плакар да се чисти, прозори, тешко достапни места. Јас сум задоволна. Убаво чисти. Мириса на чисто. Крпите ги перам на рака. Го купив 3000 денари. На акција беше. Можеш да видиш и во други продавници. Ваму имаше и парочистачи само за подови.
Како ги чистите оние лустери со стаклени топки што се? Проѕирни се моиве и внатре има прашина, но сепак се гледа кога ќе ги исчистам
како перете капут а да не е на хемиско ....не е валкан туки е наследен за кере од братучетка и па сакам да го освежам малку
јас на рака го исправ на крај и не го цедев мн да не се изгужва после што ке му правам нек се цеди на жица
Јас купував од Џорџ Левел. Околу 150 денари една вреќа беше. Не ми текнува на величината. Една беше доволно голема за да ми собере 2 ќебиња.
Да пробаш со некое од универзалните средства. Јас со такви чистам. Тие за паркет не ми се погодија. И се лизга, и се лепи.
На машината за перење алишта се има истурени од течноста што стои во освежувачите за простории (оние што се ставаат во апаратче). Има ли идеја некој како да го исчистам? Никако не сака да излезе флеката.
Здраво, Да ми предложите некоја добра крпа за бришење прозори. Имам ужасен проблем со прозорите , само што ќе ги исчистам одма се појавуваат флеки , линии , измачкано... Пробав и со оцет и вода, со средство за стакло ,со ракија... Не знам дали е до стаклото или до мене Читав за некои магични крпи на Ројал, за крпи на Веледа , ама се поделени мислења и не знам што да земам.
Кое средство за стакло е убаво да не остава траги и да не се размачкува после бришење? Да е добро и за прозори бришење...