Ве молам за помош. Случајно со фармерки во перална сум ставила бела маица и сега има флеки од фармерките. Како да ја исчистам?
Го има ли некој ова земено дали чисти убаво? Ми треба нешто за гарнитура, не знам со што да ја исчистам, а гледам ова има и таков додаток
Имам проблем со затнат одвод во лабавото во, купатило. Водата од лабавото не заминува, пробав да ставам сода, киселина ама ништо не ми поможи. Да ми предложите како да го одзатнам.
Имав ваков проблем во кујната, се пробав сите совети од овде и ништо не помогна. На крај ја извадив цевката, внатре беше запушена цела со бигор. Затната целосно. Ја истресов во ѓубре, ја исчистив рачно сите парчиња да паднат, и ја вратив назад.
Јас таков проблем имав со лавабото во кујна. Пробав се и на крај ја извадив цевката. Имаше ѓубре и талог од маснотии.
Со што ефикасно, проверено, да ја исчистам машината за перење облека? Дали притоа ја пуштате баш празна без облека на 90 степени? Со што да го исчистам делот за ставање прашок од бигор? Сум пробала со средства за бигор, но немало ефект, не се чистело целосно. Некој проверен начин? Фала!
@Вереничка Во dm го има овој прашок, се става во фиоката кај што се става прашокот и на 90 степени да измие машината празна.
Во ДМ има средства за чистење на машина. Фиоката за прашок извади ја и исчисти ја. Немам траги од бигор ама пробај со пастата Пинк.
Јас користам ваков прашок А понекогаш сода бикарбона и јаболков оцет. Сода ставам во преградата за главно перење, а оцет во делот за омекнувач. И ја пуштам да пере (празна) на 90 степени.
Не чисте само дезинфекцира За чистење од Керчер правосмукалката за суво и мокро чистење закон е Мене ми е следна на листата Лак за коса шприцни и со влажно избриши
Дали некој од вас користи средство за плакнење на садови за машината за садови? Ги читам упатството зашто ми свети едно копче црвено, тоа било индикатор дека нема средство за плакнење (rinse aid). Ако да, кое го користите, и која сол и какви таблетки користите? Фалаа
Мора да користиш средство за плакнење/сјај за да не бидат замачкани сите чаши и прибори. Користам од дм на денк мит, огромно шише и трае со месеци, а ја пуштам секојдневно некогаш и двапати. Има и на финиш. Сол и таблети користам на финиш од почеток, ги земам од Кам најевтини се, задоволна сум. Исто треба периодично да го вадиш филтерот доле да го чистиш рачно и да ја пушташ машината празна со течност за чистење има и финиш и сомат.о Колку често ќе ги правиш овие работи зависи од тоа какви садови ставаш, дали ги одмиваш, дали има многу остатоци од храна итн.