Можеш да пробаш и со Авакс. Кај мене не помогна. Ако користиш Глос треба да исчистиш отпосле со млака вода, затоа што ќе останат флеки од средството.
Само четка ти треба, на суво прскаш, триеш со четката, кај што има флеки малку повеќе, после поминуваш со крпа и правосмукалка. Средствово е одлично, го има во ДМ, 129 денари е.
Нема нешто флеки видливи ама сакам убаво да ја исчистам цела гарнитура. Баш ова ми требаше, на суво, да не се замарам многу. Фала ви ептен!
Не знам дали тука треба да пишам, не знаев каде хахаа. Сестра му на мм има домазет и се на третиот спрат. Не сме у добри односи, а може и намерно прават. Горе се тропа, се гази на пети, доле кај нас нешто вибрира дури, не се седе.. Кажано им е, и џабе. Морам да превземам нешто. Шо да направам од доле за да им смета нив горе па може ке им текне?не сум лоша личност луѓе ама оваа работа бара инат само, не се спие од нив.. Претеруваат. И старите, тие се најдоле, кога идат кај нас слушаат, ама никој ништо не им може, викаат"па не може да летаме" ама ова е намерно одењево.. На живци ми иди..
Можеш да им викнеш полиција ако вревата е после 22 часот. Мислам дека за куќи е после 23 часот. Преку ден забраната е од 15 до 18 часот. За ова прашував во полиција.
Не бе златна, галамата е нон стоп, тенок е подот немаат изолација и потешко да чекори некој се слуша. А тие ко намерно да одатака и едни обувки домашни како на штикли.. Затоа сакам на инат да одам. И да пријавам ке е џабе.. Кажано им е и на убав о на неубав начин ама џабе. Оддоле да им тропам не бива..
Ми се стопи рачка од тенџере,цела кујна смрди на пластика ,прозор ширум отворен ама пак се осеќа...чаре?
Да пробаш со озонер. Испрскај и нека ти стои прозорот отворен. Ќе мириса ден - два. Јас имам стопено пластична чинија. Во кујна не се влегуваше од таа миризба.
Здраво, и Помош! Малиот ми ја изгреба масата со виљушка. Дали има некој решение како можам барем малку да го поправам ова?
имам читано на нет дека орев може да помогне.. со јатката (тоа што го јадеш)да ја истругаш масата, викат дека помагало. лично го немам пробано
Ве молам за помош,затнат ми е многу садоперот го извадивме цревото што е под садоперот го исчистивме,таман си реков среден е проблемот тоа бетер стана. Пробав со гранули 2-3 пати,пробано и со средството од кам нема ефикасност, најверојатно се работи за другата цевка не за таа што ја чистевме. Со што да пробам друго ?
Имам гледано на нет дека со восок може малку од малку да се санира, т.е. со обична свеќа врз ,,изрезбаното,, пројди. Ако не успее, тогаш пробај со тапет за мебел да го налепиш целиот дел од масата за да не се познава.
Со ништо. Од искуство ти кажувам. И јас моментално го имам истиот проблем. Пробав и со течни средства и со гранули. Џабе е. Треба да се исчисти другата цевка. Ние бараме сајла за да ја исчистиме. Да пробате и вие така. Ако не бива, викнете водоводџија.