Некогаш мириса лошо и ако е дупнат фреонот. Јас еднаш со што не пробав да го исчистам, светеше и пак мирисаше кога ќе го отворев фрижидерот. На крај излезе од фреонот било. Незнам дали ти се средил проблемот, ама ако со се си пробала, мајстор нека провери тоа.
Здраво Како најефикасно и најлесно да исчистам ѕидови кречени со поликолор. Не сме во состојба да кречиме, а ѕидовите се пожолтени од цигари. Сум читала многу идеи ама искрено ми е страв да не се размачкат и да се познаваат траги.
Како да исчистам флека на мијалник од фарба, ми капнало а не сум веднаш приметила од чистење ми се направи сега жолта дамка , зарем вака ќе остане?
Да пробаш со солна киселина. Јас вчера чистев зелена дамка околу шољата. Појма немам од каде е дамката.
Ни во дм? Зошто таму баш од оваа фирма има многу работи. Саво. Како така? Па јас ориз го чувам во стаклена тегла, со месеци ми стои дека не сум љубител многу на ориз, не правам често, еднаш не бевме тука 3-4 месеци, оризот купен пред неколку месеци, ни црви, ништо. Па баба ми порано купуваше по 10 кг. ориз, па оризот не се троши толку брзо, ништо не му беше Не знам зошто така на тебе. Да не има некоја влага, не знам.
Јас со солна еднаш ја расипав решетката, ќе видам може ќе пробам пак, немам идеја со што можам друго. Како ми капнало од чинијата не сум видела
Или пробај со некое појако средство за тоалет. Од солната стави на сунѓерче за садови и тапкај на местото. Нека отстои 15 минути. После да се трие местото.
Пробав со доместос, па потоа со ацетон , тоа во моментот ми текна, имам уште многу сретства ама не смеам да не го зезнам ептен, го исчистив со вода, ќе чекам до утре да не му дојде наеднаш многу хемија Еднаш така еден мијалник упропастив демек да светне јас цел со дамки од сретствата. Ќе пробам со сода да одстои до утре, може ќе има фајде.
Со што можам да ги исчистам рамките од прозорците? Не стаклото туку тоа од страната. Бели се, ама тие претходните станари изглеа никогаш ги немале исчистено и се познава жолто и црно на нив. Ги рибав со сунѓер со сјај ама многу тешко излегува.
Да пробаш со циф или арф. Или евентуално ако имаш од оние пастине на грин или лимес. И тие чистат убаво.