Прскам на пластиката и бришам со сунѓерче, стругам малку и бришам со влажна крпа, па со сува. Не сум чекала да отстои .
Во пеко или друга продавницца за чевли или пазарче побарајте четка. Јас имам ваква, од една страна гумена, од другата страна четка и на средината има мојата како метални влакна (на сликава нема). Најчесто со гумената страна чистам, а ако е некоја тврдокорна флека морам и со металното да фатам да го изгребам па потоа пак со гумената страна. Или пробајте со обична гума за молив и некоја мека ситна турпија за нокти ако имате, ама внимателно. Со средства не би.
Јас не чекав Ама пробај прво на мал простор, нека отстои 5-10 мин, да видиш како е Да не треба не дај боже после нови прозори да купуваш
Перев дебела зимска јакна во машина. Е сега ја имав претходно перено во машина без центрифуга и немав проблем, кога ќе се исушеше пак беше дебела убава, ама сега последно по грешка на пуштање сум заборавила да ја исклучам центрифугата. Јакнава се исуши ама внатре е нерамномерно полна, на едно место е стуткан полнежот, малку потаму празно. Дали има чаре некаде да ми ја средат или за фрлање е сега?
Прочитај поназад во темава, мислам имаше некои мислења и совети. Јас имав слична таква ситуација и не успеав да ја оправам и оттогаш само на рака дебели (полнети) јакни.
Најдов онлајн туторијали со "тепање". Ја мавав дур имав душа, се подоправи малце, се распореди памукот. Да одморам ќе ја приудрам.
Да пробаш да ја тресеш надолу и после закачи ја на жица. Ама ќе ја фатиш кај долниот дел. Јас еднаш зафркнав зимска јакна. Оттогаш ги перам без центрифуга.
Со што да исчистам чевли плиш/антилоп крем/кожа боја? Знам има спреј безбоен ама за освежување, ми треба да ги исчистам со нешто
Со гума за бришење молив. Или ако се кожни убаво измиј ги со сјај и вода, остави ги да се исушат и на крај има четка за одржување на антилоп чевли. Со гумениот дел ги полираш за да не останат како залепени. Мислам дека убаво објаснив