Ама ова со котелот Ме пресмеа жива да си. Јас така една флекичка сум си направила на пантлоните па и се на се ги пеглам еј не ми се верува па гледам флека Одма во жеша вода од чешма ги потопив, внатре течен детергент и вениш, тоа кон 10 час, си излегов по работа што имав, тек во 4 дома дојдов ама кога ги извадив така убаво накиснати, светнати намирисани,обелени за мерак. Ако не, ќе си го жртвуваш тенџерето од шпагети- шклап на вриење пантолата, ама по можност со оној свински селски сапун за загарантирана чистоќа.Инаку не излегувало слушам.
Немаш гајле,слободно ставај го во машина, нема што да му стане. Сите кои го имаат, сите го ставаат повремено. Ич не му се мисли
Да ми препорачате изработувач на вариолајт ролетни.. Имам прозор-врата во мојата соба за да се излага на тераса оние ПВЦ или незз како и да се викаат, ама страшно ми смета сонцето луѓе неможам да спијам... дајте совет брзо и ефтино изработување пошто ќе цркнам од ненаспаност
Од кој град си? Ако си од Скопје да ти кажам дека А Квадро фирма ги изработува за сите. Појди по пластичарска улица има неколку контињери кои ги продаваат а исто така можеш да прашаш и по овие што продаваат ПВЦ столарија. Цената им е од 15 еур квадрат па нагоре во зависност од модел
mislam deka treba da stavis cisto krpce ozgora i so zagreana pegla i mastikate ke se zalepi na krpceto koga ke se stopli !
Со што да исчистам мебел со имитација на кожа? Страв ми е да не го оштетам, а бидејќи е бела боја и ми изгледа нечисто од стоење и фатена прашина. Ако некоја феминка домаќинка знае да ми помогне ќе и бидам многу благодарна
Имаш специјални средства по маркети али да не фрлаш пари можеш и со некое млеко за тело или крема за раце. Не ставај дирекно на површината туку прво на крпа и триј. Бекутан, Елдена или некое др. поевтино млеко за тело ќе ти завршат работа. Јас купувам едно специјално средство за кожа и ми врши работа а исто така и Бекутан влажни марамици се добри (малиот кога расипе нешто ги користам)
Знам дека има специјални средства за чистење кожа ама ова и не е вистинска кожа, а верувам дека и доста се поскапи тие средства...помислив на алкохол ама помешан со вода за да не го нагризе материјалот ама штом велите со млеко за тело ќе го чистам така. Само не е масна после тоа површината?
Сунфемина најлесно и наједноставно ти е со влажни марамчиња или со чиста влажна крпа. Убаво изгланцај со крпа или со марамчиња па после со некое млеко, најдобро бекутан најлесно е, и како нова ќе ти биде гарнитурата. Немој никако со алкохолќе си ја уништиш гарнитурата, еко кожата се укрутува од алкохолот и после само претапацирање и е мајката( од искуство ти кажувам). А за млекото ќе ставаш малку на крпа прво, па потоа размачкувај и така.
Помошшшш!!! Пред 2 дена си ги преселив сите ствари во нов стан во кој треба да живеам!? Спојлер што ли ми требаше да го правам тој чекор незнам но бидна значи пред мене во новиов стан живееле некои незнам како да ги условам пошто и секој тип на животни се почисти од ова кое го затекнав (мислам невидено и ми е страм дури и да кажам што се видовме таму)- а да не зборам за она кое се вика дотрајан намештај и како и да е се ке се сруши - со еден збор наидов на хаос. „тие“ (ај така да ги условам за да не вреѓам никој) кои живееле таму чувале и мачка и по цел стан по гарнитурите креветите и по теписонот има влакна од мачката- буквало цел стан е со влакна и плус има некој гадна миризба... Прашање бр.1. како да се отарасам од ВЛАКНАТА? пошто 2 кеси со правосмукалка наполнив и ништо од тоа не е собрано начисто?! Бр.2. дали знаете некоја финта да се отстрани миризбата од мебел кој ја прават мачките( се надевам дека е нејзина миризба)? бр.3. некое срество кое убива БАЦИЛИ од КАДА со тоа што мислам дека и одводот е запушен - па ке ми треба некое 3-во 1?!
Земи си неколку дебели траки со селотејп (од широките) и симни се на 4 . Вака ние дома собираме влакна, кога кучето ќе ни влезе Можеш и ролер да си направиш или да си купиш, ама ако добро не го залепиш селотејпот, нема сите влакна да ги фати. И болје земи си маска за на лице додека го правиш сето ова, за да не мораш да го дишиш или да не ти влезе некое влакно, било преку нос или уста. За другото, другите домаќинки (не го чуваме кучето дома, па не мириса внатре) со среќа во новото живеалиште, нека останатите денови/години ви бидат исполнети со љубов и здравје, а не со вакви непотребни грижи
За непријатниот мирис освен нели што мора да исчистиш со некое појако средство,пробај стави сода бикарбона на местата што мирисаат лошо,пр.на креветите ,подот и остави така да постои една ноќ.Утредента собери ја со правосмукалка.Содата треба да ги впие сите мириси.
За првото ти кажа кравче, се согласувам со неа За 2то решение ти е сода бикарбона - ќе раствориш (во шишенце со спреј) во вода и ќе го испрскаш целиот мебел. Со една крпа после тоа помини одозгора, чисто колку малце да ја впие подлабоко содата и секој мирис ќе го снема. Спојлер Триков со содата можеш да го примениш секаде каде што има миризба. Откако ќе испрскаш со водата со сода, во неа додај малце омекшивач и испрскај пак, ќе остани миризбата од него само За 3то исто можеш да искористиш сода бикарбона + оцет (бел, алкохолен). Од првото се уништуваат сите бацили, од второто ќе светнат чешмите ко нови Исто можеш да употребиш и 3% хидроген (оној за чистење рани) за мувла. Поприродно од ова - не знам Ама на страна природното, еве пробај па кажи дали се реши од проблемите
Фиги за влакната земи од оние ролери што се вадење влакна, оние леплива хартија што се всушност, тие најдобро вадат влакна, и ќе си ја кинеш хартијата и ќе ја поминеш гарнитурата, а за теписите само усисавање. За миризбата покрај сода и оцет, ќе земеш во легенче раствори детергент за перење и поише омекшивач, и со четка за рибање, убаво изрибај ја целата гарнитура, само внимавак многу да не ја мокриш. А откако ќе ги исчистиш влакната изрибај го и тепихот, со прашак и омекшивач. После убаво рибање не верувам дека ќе смрди како и претходно. За санитариите во бањата земи Доместос, или некое друго средство за бањи, и стандард процедура, испрскај, изрибај, остави да одстои малку и плакни со топла вода. Ако ти е сеуште гадно земи варикина, раствори ја во шише со прскалка, и испрскај ја кадата и плочките окулу неа, па после со тушот исплакни. Само. Обавезно носи ракавици, и прозорот во бањата обавезно скроз отворен, да не вдишуваш многу од хемикалиите. За одводите има специјални средства за отпушување, ги има по маркетиве кај средствата за бањи, се става во одводот некое време не се пушта вода, и потоа би требало да е во ред. Можеш и плочките во бањата и кујната да ги дезинфицираш т.е. исчистиш со некое средство за бања, растворено со вода, и со сунѓерче изрибај убаво и чисти ќе бидат.
да кажам прво благодарам и 2ро дека ке ве известам во понедалник како прошло и што се деси... мннн мннн благодарност мои Супер Домачици
Девојки сакам да купам од оние ќесите за алишта што се вакумираат со правосмукалка дали некој видел некаде и која цена се .. само да не се од топ шоп~ Фала однапред !
Јас си купив вакум кеси од Базаро, ама некаде околу Нова Година. Мислам дека ме чинеа една околу 160 денари, ама голема, малите беа по 100. Видов дека има и во Веро, само не им ја запазив цената.