Молам за совет. Алишта испрани, отседени во плакар можеби 3-4 дена, кога ќе ги извадам, мирисаат како воопшто никогаш да не биле испрани. Пробав со разни освежувачи, сапуни чуда, џабе. Нон-стоп ги преперувам. Највеќе постелнина. Што да им ставам?
При перење на алиштата? Јас знам дека оцет ставаат за чистење на машината (а тоа го имам направено веќе)
Тоа ми излегло со Омино Бјанко. Засега немам проблем со пенкала на облека. Од омекнувачите мирисаат така, особено ако не се досушени алиштата. Престани да користиш омекнувач, и постелнината пери ја со прашкасти детергенти за бели алишта. Ништо не ми мириса колку и да стои во плакар после перење. Ако мирисаат и така, тогаш до плакарот е.
Јас откако се суши ја растресувам и мавам и си доага на свое место Скоро секоја зимна јакна ми е таква додека се исуши, не сум имала мака таква да остане. Откако ќе се исуши треси ја добро на сите страни ќе се распореди.
Во плакарот да не ти се појавило влага, прегледај во секој ќош, и најмала влага може да допринесе за тоа.
Ми се појавија мравки дома, од оние големите. Во една соба имаме ставено ламинат врз ламинат, и тука се имаат појавено помеѓу двата ламинат. Има некое решение, освен вадење на ламинатот?
Pa da vidis od kaj doagjaat mravkite, otvorot i tuka da stavis 2 3 livcina lovorov list, ili ako ne mozes da najdes togas kade sto pominuvaat naredi pa vidi. Jas taka pravam vo leto i nemam maka. Ili edino otvorot so silikon da go zatvoris, da kapnes malku silikon i toa e toa
Внатре милион ги има, се слушаат како грепкаат. Мислиш ќе испоцркаат? Не им го знам отворат од кај излегуваат, но негде од кај лајсните е, странично
Probaj naredi lovorov list, ako ne pomogne togas silikon kapni kaj sto mislis pa vidi. Silikonot ke pomogne sigurno. Moze ne odma, ama nema da izleguvaat i poleka ke gi snema skros. Imav takov problem doma jas, od prozorot od kjosot mi izleguvaa. Kapnav silikon i veke ne mi izlegoa