Сол, цимет стави на местото ќе бегаат не сакаат јаки мириси тие и бегаат и мене ми се појавуваат стално
Хитно ми е ,имам Принцес крофни за полнење ги земав и сум ги заборавила и рокот поминал пред два дена.Да фрлам или ништо не е ?
Јас лично би ги искористила ако не мирисаат чудно, и ако нема мувла. Имав изедено чоколада со поминат рок 2 месеци, не гледам што купувам, среќа ништо не ми беше.
во последно време се потам повеќе од вообичаено, облеката ј аносам само по еднаш и одма ја перам дали на 40 или на 30 степени во зависност од матеијалот. но некако како да мириса под пазуви, ја облекувам чиста , миена и део спреј и при малку пот како да замирисува облеката, под пазуви не мирисам облеката мириса... што да правам како да се ,,спасам,, да ги отперам прво и со што или ???
во топла вода раствори малку арф и со чисто сунѓерче за садови истриј ја одма со сувса крпа што упива избриши, сета нечистотија и мрсно излегува
Само на 60° ќе се исперат. На сѐ што не можеш да переш на 60° додавај при перењето сода бикарбона или алкохолен оцет или и двете заедно. Пробај во машината да додадеш или ако не функционира тоа пробај на рака затриј со паста од сода и оцет и потоа нека отстојат во вода со истите состојки. Практикувај да не купуваш алишта што се перат на 30°. Исто гледај да користиш прашкасти детергенти, појаки се од течните.
сода и оцет може и на обоени алишта? прашкасти користам на дупло перење/плавење доколку ставам во машина во која количина и во кој дел сода во кој оцет?
Може и на обоени, со содата внимавај кај потемните алишта. За црни само оцет, всушност оцетот помага да се задрже бојата на алиштата. Сода се става во делот за прашак со прашакот заедно, оцетот во делот за омекнувач со омекнувачот заедно или само оцет можеш да ставиш. За количина пробај прво со една/две лажици сода, оцет можеш пола доза оцет, пола омекнувач.
На една блуза е појавена мувла или барем така мислам, како зелени точки. Носена е, испрана, па кога ја зедов за наредно облекување ги забележав. Пробав со омино бианко и со сапунот на дм, не се вади. Што можам да пробам друго? И уште едно прашање, при крај ми е омино бианко, да си земам пак или има нешто подобро за вадење флеки?
Ве молам за помош со што да исчитам бели тренерки со точки од пенкало, сум ги испрала со пенкало и сега имаат сини дамки
Тука користам германски прашок. Во Мк последниот пат Савекс 2во1 вајт. Секогаш ставам и од марамчињата за впивање бои од ДМ. Ама од оние за бели алишта. Да пробаш со ова. Штета што го нема секогаш во ДМ. Или со сапунот за флеки од ДМ.
Ако е бела, со варикина. Пробај и со 3% хидроген. Ама мувлата ништо не ја вади, јас од Омино Бјанко сум задоволна, досега се' ми извадило од флеки, освен мувла и 'рѓа, ама тие секако со ништо не излегуваат.
кажете чаре за силвер виш? Ми доаѓаат во соба, изгледа дека у кантата фрлам влажни. Имам 3-4 видено досеа и тоа у кревет. Болна сум за чистота гад ми е да легнам. Усисивам 2-3 пати неделно, прашина секој ден, на 6ти сум нема влага од кај, едино веќе спијам со отворен прозор. Дали тоа од ДМ помага?
Здраво имам машина за перење samsung и приметив омекнувачот одма го зема. Инаку пуштив на програма cotton 60°. Дали треба пред да заврши да ставам омекнувач ?