Не на секое, кога ќе ми светне копчето за сол. Инаку во Скопје навистина има најмногу бигор. И кога сум пуштала машина за алишта приметувам само на шушкавец материјал како бели дамки (на јакни, тренерки такви), на памук не. Нон стоп ја пуштав на празно со сода и оцет.
Arf за стакло. Цел плочест мебел во дневна и кујна ми е бел фарбан мат медијапан, и убави се чисти ептен.
Ефикасни средства за чистење на црн умивалник, црна вц шоља, црн туш? Мат се. Поголема грешка од црни елементи за во вц нема.
Ќути немам барем проблем со плочките во купатило ама затоа имам со плочките во кујна и вц, крем подни
Леле што е проблемот со крем подни? Да знам дали да се загрижувам на не вселено не се скроз клод крем малце се шаренки ама се сјајни... ќе видам ли мака
Моето купатило е црно бело, два ѕида се со црни плочки, два со бели, и санитаријата ми е црна, плочките ги чистам со средство за стакло и на крај со сува крпа, ова за секојдневно, уште нема бигор се уште, за понатаму ќе видиме, јас си сакав така. На лавабото се флеки од водата се познава, ама тоа е. И на чешмата и туш батеријата дека не седевме таму, кога ќе отидевме куп прашина собрана.
Кај нас се чисто крем сјајни и се се познава, сега после пораѓај црни влакна од косата на крем плочка можеш да замислиш роботот цел ден пуштен. За разлика од кремот имаме сивкасти нежно прошарани мермерни во ходник и ништо не се знае на нив.
Црн гранитен мијалник во кујна со што да исчистам? Од бигорот е бел, колку и да рибам ништо. Поголема глупост од црни елементи, здравје
Како што ги опиша вториве имаме само некоја крем-сива.. ќе ти кажам за некој месец кога ќе ги чистам Иначе да, многу се жалат од црни елемети со оглед на тоа каква е водата кај нас.
Со свашта имам пробано побеленото не се вади, премачкувам со масло после чистење и така не се познава црн си е.
Ако се како вторите ќе немаш мака, искрено кога реновиравме лани направивме да е ептен убаво за око а за да е практично утнавме многу работи. Тоа е сега ќе рибам малку повеќе.
Во кујната во садоперот ми се јавија на едно место овие точки. Мене искрено ужасно ме нервираат секогаш кога сум таму, не е стар, едвај 2 години. Редовно го чистам, секоја вечер обавезно и не знам од што се појавија. Се мислам да не е од некое сретство ама па ако е од тоа ќе има насекаде не само тука. Дали може да се исчистат некако?
Zenski kaj vi teknuva ova crni granitni mermeri i plocki?Se sto imam boja biram najmalku da se poznava i lesno da se cisti,primer tepih krem boja,prethodno imav plav edna troska ili kosa da mi padne apla se gleda.Edino vo kujna imam sporet so ramni rigli koj go odbra maz,sakav klasicen.Mislam on sakase moda da tera,rekov jas ne go cistam ova,kakpka voda i vednas bigor ima.Taka sporet ne pipkam ,plus ni piperka ne mozam da si ispecam .I jas sakam ubavo i sve moderno ama ne cena rob da bidam na stavri koga deca treba da gledam i na rabota da odam.Najdobar odmastuvac PERMETAL,se vadi sto ne se cisti.
Многу убаво изгледаат црните елементи, сега за одржување што се проблематични. Инаку ние што имаме двор печеме пиперки на ќумбе, ама повеќе ако се, за помалку си купив мини шпорет и на него печам на тераса и решен проблем, внатре од пиперките многу се задимува.