Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е до програмот...да не имаш вклучено претперење или пробај на шеесет степени.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Да не ти има заглавено нешто?
    Мене многу често ми прави така, штом ми не сака центрифугата се има заглавено нешто.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Плочките на земја во туш кабина ми се ептен побелени. Претпоставувам бигор е, што друго може да е? Пробано со 3 средства за бигор полирапид цив и доместос, и со кархерс на пареа, не се исчистија со ништо. Имате идеја како можам да ги изчистам или и нема спас?
     
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    18.015
    Пробај со алкохолен оцет во прскалка, само види на една плочка пробај да не ги нагризе сите.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    169.628
    На Фармаси земи за бигор средство
    Закон е за бигор
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Winning машина за хемиско чистење да не има некоја користено, да сподели мислење?
     
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    138.283
    На една страна , односно на една плочка пробај сјај за машина за садови, нерастворен. Истури и стругај со четка.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Пробај со Me. Proper. Јас ова сретство го купив од Кам маркет не со истото име ни, за бања што е и ептен прави пена и чисти убаво. Ќе свети бањата и туш кабината.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Помош!! Сос од кари ми капна на ременчето од часовник. Жолта дамка имам не знаете ама штрчи.. Нема нешто што не пробав (алкохол, марамица, сода, за флеки средство) неќе да чуее. Помагајте, ми значи часовников
     
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    169.628
    Шо боја е ремчето?
     
  11. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Каде да најдам решетка/цедалка за во судопер ама од тие пошироките
     
  12. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Светло розе.
     
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Спас од молци ? Имам во француски лежај складирано облека, ќебиња и плишани играчки. Насегде ги има. Личат на ларви. Извадив се на тераса. Ги тресам, па ќе ги перам. За понатаму знам, купив лаванда таблети, ќе ставам по плакари и сегде. Ама сеа се плашам да не се размножат... дали со перење ќе ги истребам или треба да фрлам се што е волнено и плишано ? Прашав постари баби и тетки, не знаат. Викат сигурно негде имаш гнездо, во некое парче облека може да е... не знам веќе... се плашам цел стан да не го населат ?
     
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    7.562
    Пол:
    Женски
    Добро испери ги алиштата на 60 степени и пребриши плакарот убаво. Можеш етерично масло од лаванда да купиш, али мирисот е малку шашав. Летоска иам приметено дека ко го ставав и комарци бегаа. Најдобро ако можеш китка лаванда да си ставаш у плакар, ако можеш негдека да ја набавиш. У дворот имам јас тазе и на година дена ја мењам китката. Никад веќе не ми затропале молците на врата:bandit:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    IMG_1049.jpeg IMG_1046.jpeg
    Купив од Зегин на Раид таблетки со мирис на лаванда. Еве да видиш само дали се сигурно молци.
     
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    7.562
    Пол:
    Женски
    Не сум стручна јас у молци. Извини сестре. Еве ако некоја друга знае нека се надоврзе:D

    Јас знам порано дека пред години и години наоѓав дупки у алиштата. И нема шо друго да било освен молци молцосани. И од коа редев китки меѓу алишта, знам прекинаа да ми се праат дупчиња у облеката:wasntme:
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Јас уште немам дупки на облеката. Само едни пижамки на син ми, плишанки на едно место како истенчен е материјалот. Како изгребани.... Пред една година е купен креветот. Тогаш ги редев стварите. Летоска ко отварав да земам нешто не приметив ништо. Завчера барајќи крзнено ќебе ги насетив, значи дури во затворени вреќи со облека има вакви, баш како ларви личат, ама некои се суви, некои мрдаат. Некои ми рекоа дека сум ги фатила пред да се испилат. Не знам стварно, прв пат гледам вакво нешто, ама освен молци, кои други штетници би се нашле во облека ? Не е плакар, кревет е... затворено е нема кај да одлетаат. Големината и формата е како зрно ориз...
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    7.562
    Пол:
    Женски
    Ова да не се онакви бубачки што ги има по креветите? Јас искрено не знам да ти кажам што да правиш, не сум имала ваква мука до сега.

    Сум мачела мука со молци, али пред години и години.

    Се надевам ќе ти се реши ова. Има многу жени на фемина, можда некоја ќе прочита и ќе ти помогне.
     
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Чекам да одговори некој како да се спасам да не го населат станот, и дали да фрлам облека... потоа знам со лаванди и сапунчиња ќе заштитувам...
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    169.628
    Ја мислам не,се ова молци
    @mareane @LejlaD ке кажат сеа
    И Стеки ке виде @stetoskop