Тогаш не е површински затнато односно не е на почетокот. Откако ќе го одзатнеш, со силен млаз вода обиди се да се осигураш дека е добар протокот односно дека не останало нешто во цевката.
Ги гледав овие во ДМ, ама ко да не видов баш ваква глава од џогер на која би се ставале додатоциве. Го имам тој џогер што е со дупчиња за да му се стават подни марамици, ама овој додаток од сликава не му одговара, прилично е тесен. Има во ДМ глава што одговара за овие додатоци или да барам низ друг маркет?
Јас ваков џогер имам купено од Pepco, доколку имаш можност да одиш некаде на страна. Инаку за кај нас не би знаела да ти кажам, провери евентуално во Jumbo да не има.
јас за плотни чистење сум пре нај задоволна од Пинк стаф пастата. Мене нема нешто што не ми чисти од плотна. Пробај.
Баш сум очајна по ова прашање. Како може да ја исчистам чешмата во тоалет, но да се направи некаков слој и да не може одма да се извалка. Не е проблемот чистењето, се чисти многу лесно, но една капка вода да капне, допир со прст све прави флеки и за пола саат после чистење изгледа гнасно како да не е чистена со денови. Фактички после секое користење на чешмата јас треба да ја пребришувам и чистам. Има ли чаре или нова да си купам?
Јас оваа ја имам ставено на обичната од топ шоп што е со лепенки, и сошив ластици широки и нема гајле
Јас гледав со вазелин... ја чисти убаво чешмата и ја брише, ја премачкува со вазелин и ја брише со кујнска хартија. Треба да пробам
Девојки, како најбрзо да одмрзнам месо кое сакам да го готвам денес? Имавме други планови ама останавме дома ради сплет на околности и мора ручек
Не, пилешко за во грашок манџа ми е. И грашокот ми е замрзнат ама само во топла вода го ставам, не знам за месо дали смее така.
Девојки, купив нова јакна ама згужвана е на неколку места и глупо ми е да ја носам така, што можам да направам да ја исправам? Дали ако ја исперам ке се исправи?
Со што да го исчистам садоперов стар година ипол? Пробував со стандардниве средства, не бива, а после секое миење садови го чистам и пак е вака.