Здраво, како да го отстранам мирисот на некои маички под пазувите и по перењето? Имам нова машина за алишта и прво мислев дека е до неа, дека не пери како што треба. Но, се друго чисто беспрекорно.
Имам приметено месецов 5-6 мали оси на ѕид или на перде во дневна.. не знам од каде би дошле, проверив околу случајно да не има осило внатре, ама нема.. Е сега имам гајба со јаболка на тераса, си мислам од тоа да не е. Ама прв пат гледам вака мали оси..
Стандардно течно средство за миење садови? Пошто на гугл ми излегуваат и други средства па дали се мисли на стандардното? Инаку јас ставам таблета.
Во вц, плочките ни се бели и нон стоп после секоја недела фаќаат како ужасен бигор и се цели жолти. Дали би можеле да ми препорачате со што да ги бришам за најефективно? Пинк пастата не ми функционира баш џабе толку фалење и толку скапа. Исто така и вратичките од туш кабината со што ги чистите? Фала ви!
Јас ги чистев со солна киселина. Кога се вселивме во станов, на плочките имаше жолтило и плус фугите беа потемнети. Истурив солна и оставив да стои 15 минути. После триев со четка и плакнев со вода. Ама не ги чистев наеднаш. Завршував со еден дел, па продолжував со друг. Овие плочки се бледа крем боја. Во Ск имам бели плочки и на ист начин ги чистам.
Прешок за алишта,иако звучи интересно но светнува,стави малку и со сунѓер триј насекаде.Веднаш ќе заблеска....
Добар совет, ги рибам нон стоп и никако да се исчисти жолтото. Ќе пробам со солна киселина фала ти најмногу
Здраво на сите! Ми треба препорака за жена за чистење на стан после кречење или пак сервис. Од некој од кој сте задоволни. Ви благодарам!
Имам еден прозорец кој е уште од порано залепен со таа фолијата шо ја ставаат, уште на почеток таа не е извадена оти собата не се користеше и сега е многу залепена како да ја исчистам?