Проба со таблетките шо се за машина да раствориш во малце жешка вода и да го потуриш да постои, па со сунѓерот, па чиста вода. Ако не може однеси го нека го исперат.
Кажете некое средство за бришење на црна иверка .. кујната ми е цела црна иверка неможа да ја гледам веќе .. како бришам со средство за прозори така се приметува каде поминала крпата .. хаос помагајте
Јас имам кафеава иверка цела кујна. На лик ми е многу убава, а во реалност ми се иде да ги искорнам вратичките Кај децата па и маж ми само.шлакаат раце на кујната. Јас од што се пробав и немаше фајде , пред 2 години пишав на страната на Солопром, дека од таму е купена и побарав совет. Ми рекоа може со сунѓерче од меката страна и средство за чистење. Јас имав Арф или некое друго, ставав по малку на многу мокро сунѓерче и бришев. После со влажна крпа и со крпа за стакло. Се исчисти супер. Само проблемот е дека не можеш често така, мислам јас немам време. Кога ми е во брзање ставам малку ракија на крпа и бришам.
Јас имам црн медијапан и исто така секоја капка се познава на светло, ги пребришувам со влажни марамици или кога има повеќе линии од вода или слично користам бело магично сунѓерче со малку сјај за садови и многу малку го наводенувам, со кружни движења ги чистам вратите и после со добро исцедена виледа ја пребришувам сапуницата ако треба и по два пати за да не останат наслаги од сјајот. После тоа вратите се како нови. Магично сунѓерче е предобро за чистење било какви површини и вади скоро се'. Јас ги купувам од Стокомак а ги има и во dm.
На неколку дена зависно колку бргу се бигоросува бокалот, внатре го чистам со вода и оцет да зоврие и одма е чисто. А од надвор можеш со обичен сунѓер за садови или ако не ти помага тоа со бело магично сунѓерче и вода само треба одма да го светне.
Веќе ти кажале за магичното бело сунгерче. Со него чистам ептен ако има некоја мрсна дамка ама полека внимателно да не се изгребе. Инаку цела кујна ја бришам со малку цив и вода на сунгерче, па мокра магична крпа, и веднаш бришам со сува крпа за стакло. Ова со сувата крпа треба ептен убаво бришење за да се исуши. Е после два дена сум со воспалени мускули и ја пцувам кујната, ама па убава ми е
За електричен бокал ова е добро. Со тоа го чистев и апаратот за кафе. Читам дека ја фалите Пинк пастата. Ја пробав и не е нешто посебно.
Имам масичка медијапан светло кафеава, имаше оставено чаши од доле со вода и сабајле остана бела дамка флека, дали има шанси некако да се исчисти.
Здраво. Ве молам за искуства со мебел од фарбан медијапан, или Обичен медијапан (мат или сјај)? Одржување, изглед, јачина и сл. Моделите што ги замислив се со фарбан, мајстори ме премислуваат дека бил мн нежен, подложен на гребење и сл. Дали знаете како се движат цени по квадрат, и отприлика рака за изработка?
сјаен- цела кујна и е најдоброто нешто дома. иверица не препорачувам ниту некогаш повеќе ќе земам. Сјајниот се бриши со средство за стакло и свети. Лак за нокти, мастило, и потврдокорни со ацетон па со средство за стакло. нема гајле веќе 7ма година. Иверицата пак, ужас