Ајде феминки чекам совет од вас, денес го забележав на промоција овој течен детергент 75 перења за 490 денари ваков бел. Дали некоја од вас го користела јас до сега шарените алишта ги перев со первул и е одличен но ова е навистина добра цена!
Јас користам ваков , посебно сега зимава, за волнени џемпери, блузи и поосетливи ткаенини и супер ми е. И овој сум го користела а белиот не, ама и него ќе го пробам. Презадоволна бев и од Perwoll, ама не зажалив што го сменив со Woolite (поефтин е и одличен за парите).
Јас перам само со Woolite ги користам и розевиот и белиот(што е само за бели алишта) и црниот и тој што е за ликра и сите се супер .
Јас имам сличен блендер и супер е. Значи овој тип на блендери не се за миксање на сува храна(мора да има течност),и не може да бленда многу мала количина на храна. Тоа што ти се исклучува е затоа што додека го протресуваш го фаќаш за рачката од чашата и протресувајќи го го подзавртуваш малку и тој го губи сигурносниот контакт кој служи за автоматско исклучување во случај да падне. Пробај да изблендаш нешто но стави течност и кога го протресуваш држи го за долниот дел (капакот убаво затворен),доколку се заглавило нешто промешај со лажица.
дали некоја од вас ќе знае да ми каже како да остранам малтер и залепено цименто на стакло од џам и пвц прозори,исто така и од подни плочки со светла нијанса?кога работеа летово во целата таа работа ми се направија лом и џамовите и плочките а со обично триење малтерот не паѓа,што да превземам?позз фала однапред. и уште едно прашање имам..пошто сум се уште не искусна во перењето алишта ве молам да ми каже некоја како правилно да ја дозирам употребата на прашок за перење во машината.имено јас и белите и шарените и црните алишта ги перам со половина кутиче од мало чавче за јогурт прашок во прет перење,и цело кутиче прашок во главно перење,имам недоумица дали им е доволно прашок или пак ставам многу прашок?во случај многу да ми створи пена а притоа не ќе може машината убаво да ги исплакне алиштата ја користам и опцијата двојно плакнење за алиштата а така ми пере многу долго дури 3 и пол саати,дали е правилно вака?користам ариел за сите врсти алишта,имам слушнато дека поради конценрираноста на прашокот препорачливо е да се перат црни или шарени со некој друг поради можноста за белеење на алиштата дали има вистина во ова?дали може да перам со нила прашок кутија во машината?позз фала чекам совет
Annath јас имам такви големи 4, моите се со портокалова боја, ги купив од кинеската продавница пред 3 години и ептен сум задоволна од нив, цената мислам беше околу 150 денари, цела летна гардероба ми е сметена таму, потоа ја вадам летната па ја ставам зимната и така ми стојат во шкафот, мислам ем имаш простор голем, ем ти се на едно место сите алишта, побарај низ кинескиве сигурно уште имаат
Тоа што ти останува пена на алиштата значи дека ставаш многу прашак(види на кесата или кутијата има дозирање),Нила во машина никако таа е за рачно перење.Мислам дека за перење на црни алишта треба да користиш течен прашак (Woolite ,Perwoll,Nila) Малтерот од плочките убаво натопи го и после со мало жица за садови нежно триј,за прозорите не знам.
јас мисалам дека ставаш многу прашок, имаш дозер ли на пералната? мислам дека е доволно 1 чашка за јогурт за целата машини, додека црните ги перам со течен прашок погледај низ маркетите ќе видиш имаш многу избор, во црните ставам 1 капаче од самиот течен прашок .Сепак можеби и јас да грешам, бидејки јас си имам дозер каде што се ставам прашок и течен праошок и никогаш не грешам
кај се гледа дали има ознака за дозирање на самата машина?едно чавче за чела машина а да ја поделам по пола и за прет перење и главно перење ?не ми останува пена по алиштата туку јас самата си велам за секој случај користам опција на машината двојно плакнење со вода.
Феминки ве молам да ми дадете совет што да направам со фармерки кои пуштаат боја.Кога и да ги облечам рацете ми стануваат сини и каде и да седнам оставам трага (доколку е бело).Пробав да ги држам во оцет ,но некако не помогна.Има ли некој друг начин ?
Ахх... јас имав едни вакви! Ми ги фарбаа белите патики, ми ги фарбаа светлите ташни, дури и бодито. Пробав да ги исперам неколку пати, си викам може ќе падне бојата, ама џабе. Ги држев во топла вода со денови, ги преплавував по сто пати... После 10 перења пак иста песна беше и на крај ги ставив во архива. Ама затоа сега очите ми се отворени кога купувам фармерки и особено внимавам каква нијанса ќе бидат, пошто овие што ги имав беа баш баш тегет.
Јас имам неколку вакви, мислам дека мајка ми ги купуваше по 100-че од пазар. Не гледам некоја разлика во квалитетот на различни бои и големини, а со патентите знам дека има некои што се подобри, некои полоши, ама од неколку, еден ќе се погоди, па брка работа за сите кеси. Практична работа.
Како да ги отстраните дамките Основни правила за поголема ефективност: Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи. Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чисетње. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека. Дамки од црвено вино Доколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето. Дамки од чоколадо Најпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката. . Дамки од трева (зеленило) За материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека. Дамки од крв Со дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути. . Дамки од кафе Набрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови. Дамки од мастило Поставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно. . Дамки од масло за готвење Најпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.
домаќинки помагајте, си ги извалкав тренерките од црвен лак и тоа точно на п***** и сега изгледа како да е извалено од менструација, да го исчистам со ацетон, ама да не ми останат лочки на тренерките , леле како се нервирам нема 1 месец откако си ги купив
Заљубена немој да ги чистиш со ацетон бидејки ке ти остане лочка која никако не се пере.И јас си ги извалкав со лак тренерките па пробав да ги исчистам со ацетон но лочката што остана не се исчисни ни со 20 перења.Пробај со нешто друго,мора да има начина како се отстранува лак од алиштата без да остане трага.