Си ги офарбав омилените бели старки и уште два пара патики на детето розеви во перална. Се испонервирав, кажете ми дали има спас? Варикина??
Пробај со paper catcher (листови за фаќач на боја) јас на секое перење ставам освен бели кога перам, доста ефикасни се покажаа
Со варикина можеш ако се скроз бели оти таа само за бело се користи и се друго белее, внимавај на други бои и не знам на гумата како ќе реагира... инаку дури се водени пушти ги уште еднаш, пробај и со тоа од дм, имам вадено со него боја, еднаш ми ја извади, еднаш не, така да не знам дали ќе биде успешно.. да се работеше за алишта неколку пати на 90 степени перење и ќе избледнеше, ама вака за патики ќе се уништат на 90. Гуд лак
Скроз бели се да, ама не знам за делот што е до гума, се мислам со четка да пробам само на платното, да не ги потопувам.
Со варикина, да не ти пушти металниот дел кај врвките рѓа ако ги потопиш, па, тоа чистење амин. Пробај со прашокон од ДМ за вадење на несакани бои или па со сапунчето за флеки, рачно.