Здраво жени, дали може да препорачате некој сервис за чистење душеци, теписи и аголна гарнитура, ќе се селиме во опремен стан на кој му е потребно длабинско чистење.
Здраво дечки, не знам дали е ова правилната група но добредојдена е било каква помош. Барам стан за една личност во Центар/Кисела Вода/Карпош 3. Може и гарсоњера, се доколку киријата е до 250 евра. Пишете ми во приватна порака доколку имате или знаете за некое станче. Фала ви
Бидејќи еднаш овде прашував како да се избелат белите блузи под мишка што темнеат, дојдов овде за да ви кажам позитивно искуство на овој начин. Јас само што ги оставам цел ден закиснати во вода со прашок, и потоа ги перам во машина и не ставам оцет. Али сода и 3 % хидроген дефинитивно помага https://www.facebook.com/share/1EK754i9As/
Како бришете прашина? Имам забележано дека со сува микрофибер крпа најдобро се брише прашината, ме интересира да не знаете некој поефикасен начин.
Јас би ти препорачал да не ставаш омекнувач при перење крпи. Можеби излегуваат крути, но омекнувачот многу ја намалува апсорптивната моќ на крпата и испаѓаат мрсни, како со фолија да се бришиш.
Не бе, никаква киселина не сум користела. Приметив на неколку маици вака. Се мислам од прашокот да не е, ама и претходно со ариел сум перела. До душа овие ги перев рачно, па да не е нешто од преагресивен прашок…
Од прашакот е, јас така имам расипано сиви фармерки. Како што сум ставила прашак се знаеа флеки како од доместос.
Стварно нема од што друго да е. Сега земав течен детергент за овие некои што му ги перам на либето рачно. Мислам дека тие се понежни.