Девојки, термосот ми бил полн со топла вода и сум го заборавила. Скоро го отворов и ми мирисаше на мувла. Го миев со оцет, сода, лимон- пак мириса лошо. Што да пробам?
Со што избелувате алишта? Бели? На пример бели маици малку ми е потемнети/пожутени под мишка. Или бели чорапи, колкуи да ги перам на 90C пак некако не ми се скроз бели
Јас имам таков проблем со чорапите на поголемиот син. Оние што ги носи кога оди на тренинг. Прво ги мокрам и ги тријам со сапунот за флеки од ДМ. Ги оставам така 30 минути. Во леген ставам жешка вода и сода бикарбона. Ги оставам да киснат една ноќ. Па го перам на рака со прашок. Еднаш ги ставив во машина и се собраа. За отстранување на потемнето од облеката пробај со овој прашок
Спреј против гребење на мебелот од домашно милениче - куче? Знам дека има за мачки, за кучиња не знам дали има нешто слично?
Со што чистите кујна од медијапан фарбан бојата е антрицит со бела. Инаку да напоменам за бришење т.е чистење лара имаат мн добри марамици кои и за стакло се употребуваат
Во последно време кога перам, маиците што имаат некаква апликација се залепуваат. Значи апликацијата се слепува и после тоа кога пробувам да ја одлепам, знае да се уништи. Порано никогаш не ми се случувало вакво нешто, тие алишта обично ги перам на 30 степени. На што може да се должи вакво лепење на маичките?
Една со друга или беа залепени со својата апликација? Да пробаш со вреќички за перење, барем една со друга нема да се лепат. И да пробаш да ја здиплиш некако во вреќичката за да не се поклопува апликацијата.
Со својата апликација беа залепени. Мислиш секоја посебно во вреќички? Уф, немам толку вреќички. Ова ми се случува 90% на истите маички на син ми, размислувам дека можеби се со послаб квалитет самите маички, па затоа се случува, не знам дали е можно од тоа.
Така мислев, секоја посебно во вреќичка. Мислев да не се лепат и една со друга. Најверојатно е до квалитетот на маиците. Евентуално да пробаш да ги переш без омекнувач, можеби омекнувачот влијае врз апликацијата.
Кој прашок е најдобар за бели алишта и да вади флеки? На времето Ариел го користев ама ми ги кине алиштата од што е многу јак. Се мислев пак да му дадам шанса ама претерале со цената.
Секогаш на флека на бели алишта прскам прво Арис оти мислам ниеден прашак не чисти без претходно третирање. Јас најчесто персил користам ама и тој е заминат со цена ехо савекс имав еден период не беше лош.
Кога видам флека и јас ставам нешто пред перење или на рака го перам, ама проблем ми е што некогаш не ги видам сите флеки. Во корпа ми стојат посебно белите и само ставам во машина, ако мора партал по партал да прегледувам
Јас сум задоволна од Савекс за бели ,ја имаат подобрено формулата многу поубаво пери за разлика од претходно
Земи го од ДМ прашокот. Често пати е сликан во групава можеш да го најдеш во изминативе страни. Зелено пакување е не повеќе од 300 денари, феноменален е за бели алишта.
Нема спас за оштетена плотна од средство нели? Црна е и отзатнував лавабо со гума на вакум а имаше сретство за отзатнување ставено и што е прскало од него многу е побелена. И раци си изгорев се испонервирав. Чааре има или нова плотна ќе мора?
Тешко дека со нешто ќе се исчисти.Јаки се тие сретства ,јас така го расипав лавабото ,росфај и каде е прснало ми помодре не се исчисти со ништо.