Со што можам да исчистам надворешноста на аир фруер, дека е сјајна боја, малце ако фатиш со мрсни раце одма се познава и изгледа ептен прљаво…
За чистење после кречење на белите дамки од таркетот и плочките знам дека се користи оцет, ама дали само оцет чист или да се помеша со вода треба?
Здраво, ајде да ве прашам дали ова врши работа или ич да не трошам пари. Немам многу простор за нешто големо ова би го сместила некако. А сакам да чистам со пареа подот за бебче сега све почесто ми е на подлога доле, понатака ќе почне да лази.
Со што чистите Krups dolce gusto кафемати? Некое средство полесно да не смрди и да не ми е шубе после да го користам кафематот?
Фала, ќе го пробам. Земав од е хорека едно претходно, ама лошо ми мирисаше и беше во црвена боја. Го немаат сега на веб да ти го покажам. После чистење неколку води розевкасти излагаа, па додека го преплакнев 15 пати пуштав вода. Денес светна за чистење и само киселина и вода му пуштив да изврти.
Да, баш тоа барам, а доста производи користам на ДенкМит од Дм, ама не ми текнало вакво да побарам се додека не ми притреба.
Нови плочки, со што да ги исчистам? Ги поминав со оцет, па со средство, ама ги размачкав многу... Дали може сега само оцет пак?
@Bibi30 сега го прашав маж ми вика тие се фуги и се чистат одма после лепењето. Ако се исушат никако после не можеш да ги исчистиш.
Ќе си постругаш и тоа повеќе пати Земи средство од Фармаси за бигор истураш на плочката оно ке врие кај шо има фуга ти ке стругаш Сличен ефект со бел оцет ке имаш Ке стругаш плочка по плочка Ке поминеш со чиста вода и одкога ке се изсуше ке видиш кај останало И така на секое стругање Види на цересит има едно к7 мислам се вика за фуга чистење е се продава во продавниви кај шо продават лепак