Со кое средство е најдобро да исчистам гранитен беж садопер? Јас до сега со оцетче малце и топла вода го поминував ама некако прљав ми е.
Јас за до го избелам му ставав разредена варикина. После почнав со полирапид. Ова одамна беше сега имам иноксен.
Вчера го исчистив успешно со оцет, ама фала ти, ќе пробам и со полирапид. И јас ја спремив пастата да ја употребам ама со оцет завршив работа, фала ти инаку.
Не знам колку се гледа, нормално бордово пуштило и белово сеа ми е ко розевко. Има чаре или како розевко да го носам ?
Како да ја вратам големината на џемпер кој ми се собра во машина за перење? Со ставив на краток програм со ладна вода и се собра…
Кажувајте чаре Машината за садови ги мие садовите убаво ама кога ќе ги фатам како да гребкаат како сол да има залепено се осеќа на рака? Филтерот редовно го чистам,сол сјај има.Што да правам?
на јакнава флекава немам појма од што е... Со влажна не сака, со сјај не сака.. со што може да пробам?
Флека на јакна со ништо што не излегуваше извадив со Денк мит против флеки од дм, околу 80-90ден е. На среќа, уште тоа немав пробано. Интересно, на други парчиња облека истото средство не вади флеки, селективно е.
Сакам да прашам дали знаете како да направам овој шлаг да остане цврст на тортата, да не ми се распадне? Ќе слави ќерка ми роденденот во јануари дома и сакам да и украсам торта да се пробаме. Еве овде на сликава е на фишек за сладолед шлагот, ама како да остане тврд со часови? Ќе ја тагнам @Anika55 можеби знае