Како наједноставно да исчистам многу валкани прозори од надвор? ПВЦ бели, имаат многу наталожена прашина и прљавштина. Немам парен чистач.
Ја бришам прозори ко Рамирез, професионалниот чистач на прозори на раскрсница, со најефтиното средство за стакло од некој рандом дуќан и со тоа гумата влечам надоле, и на крај ако останало некоја мачканица протрљувам со сува микро фибер крпа или хартија, или ко баба ми шо ме учеше со весник ако иам. И на крај мавам џогерот на подот доле да соберам тоа црнаици и афрички песоци шо ми се исцедиле од нив. А самата каса со било кое средство и крпа. Ако барате чистачка, термини и ценовник у иМбокс.
Со што ја чистите пеглата? Досега со парацерамол ми успеваше ама веќе не. Дупчињата не се чистат убаво и флеките по неа. Има ли начин да се исчисти или да си барам нова?.. Ме нервира што од насобраното во дупчињата некогаш на алиштата ми флека. Повеќе од 10 години е, маста и ја вадам можеби е зс менување. Дефинитивно Филипс пак ќе земам. Имам скрос нова на Тефал два пати само досега ја користев и тоа за некој партал само ама не ми е лесна за на рака.
Стик за чистење пегли и се става на јако загреана пегла вертикално поставена, во Бриколаж, Џамбо а може има и на други места.
Исчисти ја со средство за бигор за кафемати, со стискање повеќе пати на копчето за излегување пареа ќе ги исчистиш дупчињата. Иначе за пегла важи колку потешка, толку поубаво пегла. Јас последната Беко што ја купив потешка е од претходната на Северин што ја имав, супер пегла. Со претходната ко непеглани беа алиштата.
Богами бараме чистачка, зашто испадна дека нивните броеви се СТРОГО ДОВЕРЛИВИ и предмет на државна тајна. Него дали се уште се наоѓа низ продавнициве средството за отстранување на жолти дамки од стикови/дезодоранси и каде?
Ташната ми пушти црна боја на бела наметка... Ја исправ два пати, пола излезе... Има ли спас да се извади до крај пред да ја офарбам наметката во дуга боја?
@Gosh Да ја ставиш наметката во варикина па така да обели? Не знам дали би излегло поинаку со средство за флеки, нека кажат поискусни. Јас да прашам општо за флеки, значи не е можно колку не ми се вадат во перење, на секое вадење испрани алишта од машина, морам пак да ги враќам назад на перење со тоа што најпрво морам да тријам со некое средство за флеки. Користам персил, ариел. Не знам дали е до прашокот, дали е до машината, дали е до флеките, ама досадно ми е ова рачно чистење редовно. Некогаш додавам омино бианко во делот за прашок, но нема некој резултат.
Флеки ретко се вадат без рачно чистење. Средствата за флеки се оставаат да постојат на флеката ,па се перат алиштата. Нема шанси да излезат само со стандардно перење. Омино бјанко се става директно на флеката, не во фиоката за прашокот.
Ставам дирекно на флека, но мислам сум го прочитала како втора опција за ставање во фиока, сега избледено ми е упатството не можам да видам. Сум ставала понекогаш кога немам време да тријам рачно, па случајно да не помогне во перењето. Испаѓа дека машиниве служат само за миризба да елиминираат, се чудам колку ретко се случува да се извади нечистотија на обично перење. Имам забележано дека сушење на сонце е одлично за вадење флеки, па колку толку штом се стопли ќе биде полесно така.
Да пробаш со omino bianco и арис? На флеки на бели алишта овие две во комбинација ги користам и досега немало утка.
Јас ваква флека со ништо не успеав да извадам, пробував и рачно и машински, со повеќе средства против флеки. Уште на хемиско не сум пробала. Престанав да ја носам ташната за да не ми уништува и други парчиња.