Ве молам за чаре,имам црно фустанче со бели реси кои се офарбале малку при рачно перење во ладна вода и плус кај вратот малку има од пудра. Чаре како да го преперам бидејќи црното пушта а и пудрава како да ја извадам
Да пробаш машинско да го испререш со фаќач за боја, можеби ќе ја извлече црната и од белите реси? На пудрата средство за флеки. Ако не хемиско.
На кафена чанта од антилоп кожа некако си направив две мрсни флеки па пробав со средство од дм да ги извадам без да тријам, несакајќи да не ја обелам од триење. Сега имам поголеми темни флеки Кажувајте што да ѝ правам ако има начин да ги извадам.
Исто и јас, неколку маици уништив од рачката, ама сеуште не престанав да ја носам дека многу си ја сакам
Со сличен проблем и јас дојдов во темава да барам решение . Со што може да извадам мрсни флеки од беж антилоп чевли а да не ги оштетам?
Исправ бели платнени патики, ама од сушењето има како жолти флеки, како да ги исчистам? Џабе ги перев...
Помини ги со средството против флеки од ДМ. Со четкичка е самиот апликатор, на ДенкМит е. Би требало да ги среди.
Пробај со сода бикарбона и хидроген 3%. Две единици сода бикарбона и една единица хидроген, да се формира ко паста, потоа со стара четка за заби да се истрза и нека седи пола саат-саат пред да го измиеш. Имам вака правено за вадење дамки од потење на бела блуза после перење. Само не ги изложувај на директна сончева светлина после тоа.
Ако си ги на рака перела од тоа е. Последните 2,3 пати така ми излегоа со флеки откако се исушат. Затоа отсега прво на рака па во перална Прво на рака скрос ги перам и потоа ги ставам во машина на 30 на 600 вртежи. Чисти како снег. Стави ги во перална на 30 степени и немој да ги сушиш директно на сонце.
Излегува флека од јагоди? Цела чинија ми се преврти врз флекерите, ги исплакнав рачно со сјај и ладна вода па ќе ги ставам во машина да видам дали ќе излезе целосно
Влажни марамици за мебел,тоа ми е спас за мат кујна,кај нас е темно сива и све се познава ,јас користам од Глосс спасот во нив е
Како се вадат темни/ жолти флеки од дезодоранс на бели блузи? Сите бели блузи ми се темни, 1000 пати ги имам преперено и тоа на висока температура ама џабе. После трето макс перење се појавуваат.
Pasta od soba bikarbona , ke ja rastvoris so voda ama pogusto da bide ke namackas ke ostavis da stoi nekoj period i posle peres normalno
Сапучето за флеки од Дм ми е идеално за ваква работа,пред перење добро намачкај со него нека постои малку така па во машина за перење
Има спреј специјално за таа намена оd dr Beckmann. Се прска на флеките 30 мин пред перење (но не смее средството да се исуши). Јас потоа ставам малку oxy прашак од дм или оние ќесички за белеење што им се.