Само да ти кажам фала, ми ја спаси наметката. Ја исправ со сапунот пред недела дена и цело време те мислев.
За тебе во секое време И спрејот Денк мит е добар. Јас тој го користам за патиките и за јакните. Некогаш и за облека. Ако ме мрзи да влезам во купатило
Препорачајте некој добар чистач на прозори. Во станот имаме прозор од 1.2м кој е фиксен и не се отвара, па барам начин како најлесно да го исчистам.
Имам чанта крем боја, од носење на фармерки што се допирала има попримено на некои места потемна боја и е како шарена. Дали знаете некое средтво за чанти да ја избели ама да не ја оштети? како лакирана е.
Доместос. Оставаш 10 минути и после измиваш. Ако ти е на ѕид, може треба да порибаш дека истекува надоле, не стои доволно време за да делува. Јас имам бела фуга во кујна на земја, кога ќе приметам дека веќе не е бела така ја избелувам. Сигурно веќе 6-7 пати сум ставала, 100% ефективно. Сега јас со маката. Ќе ставам слика од одводот во тушот што го имаме, од оние долгите имам. Кога го купивме станот беше зацементирано со фугата, и од страв да не ги скршам плочките не пробував да го извадам. Кога ќе видев дека не иде водата, ставав средства за одзатнување и врела вода. Е сега после години успеавме да го одглавиме и внатре делчето изгледа вака: Претпоставувам е искривено од врела вода што сум ставала многу пати ама не можам да најдам како се вика ова конкретно за да си купам ново. Мислев ќе најдам на тему нешто како drain trap или syphon ама сите се округли, дури и за вакви долги одводи. Препорака некоја, како се вика или каде да барам резервно делче за ваков одвод?
Јас би одела со сликава до некоја железара што продава вакви сваштарии за бања и кујна, да им покажеш да видат за што се работи, па да видиш дали ќе успееш да најдеш. Онаа железара карши Буњаковец што е (не знам како се вика), можно е да има вакво нешто. Ако те носи патот натаму, можеш да провериш.
Рерната ја чистам последните пати со пената од ДМ за шпорети, претходно со Ајакс ама и сега и тогаш напрскувам, стои неколку саати и откако ја исчистам пак има некои точки кои на светлина се познаваат и ме нервира. Раце ми отпаднат стругајки и небива и небива. Има ли некоја финта или некое друго фамозно сретство или да се помирам. Најјако е што кога чистам нечистотија не излегува ама точките никако да паднат. Никогаш не сум ја оставала нечиста па да речам запечено, нечисто ама пак не ми е како нова на толку рибање
Ако не успееш да најдеш ваков дел, пробај свитканиов стави го во жешка вода и кога ќе омекне рачно исправи го.
Јас лани купував ваков долг сифон комплет од автокоманда,позади постојката доаѓа продавницата,фриго шоп така нешто беше Провери може имаат и посебно делчиња
Како да се ослободам од мирис во фиоки од нов плакар? Не е толку лош мирисот, колку што е интензивен, а страв ми е со некое јако средство да го бришам дека нов. Само фиоките мирисаат, другите прегради не. Колку што приметив некој лепак/силикон ставаа мајсторите кога склопуваа и сега мислам од тоа мириса.
Ми треба помош. Ќерка ми си играше со апаратче за меурчиња. Откако ги исправ алиштата приметив темни дамки. Дали може некако да ги исчистам? Или да купувам нови алишта
Црн гранитен садопер со што чистите? Го чистам со оцет и сјај за садови, во моментот е чист, ама кога добро ќе се исуши, пак има бели флеки. Дали некое средство ви се покажало како ефикасно?
Јас имам таков и го чистам со од дм од фрош паста бела и убаво се чисти само треба убаво да го измиеш тоа сретството.
Со што да исчистам плочки во купатило? Имам темно кафеави плочки над кадата и со што и да чистам кога ќе се исушат остануваат бели дамки.. исто и за фугите?