Препорачајте ми некое сретство за брзо и ефикасно чистење на туш кабина. Нешто што не мириса јако и да можам преку 4,5 дена да ја поминувам. Кај мене мм чисти купатило ама користи појаки сретства и ептен мора да и запнува во чистење. Барам нешто кое лесно бигорот ќе го чисти.
Стави една голема лажица оцет во делот за омекнувач. Не мириса, а ги прави крпите ептен убави на допир.
Здраво. Нова сум овде, ама може некоја од вас има искуства. Внуциве ми испошкртаа еден ѕид во ходник и не знам баш како да исчистам. Пенкало и фломастер еден блед. Ми се појави видеово и сакав да прашам, корисѕел ли некој од оваа Pink Stuff паста оли нивни производи да сподели искуство, да не го упропастам уште толку ѕидов :/ https://www.instagram.com/p/DdZmKfvAhuB/?stkn=eW5tbjBpY3BidnNx Фалаа
Би требало да излезе ако го поминеш со магичните сунѓерчиња што ги има во ДМ маркет, буквално секакви флеки и чкртаници вадат.
Ќе полудам со флекиве! Со ништо не можам да ги исчистам, сите вратнички се вакви... Има ли некое чаре да препорачате, освен нови вратнички?
Oд што се вакви, од мрсно? Мене ми изгледа како да е впиено во дрвото, тешко дека ќе се исчисти. Внимавај што ќе пробуваш, немој уште толку да ја упропастиш.
Па не знам зависи каков материал е , зошто мене ми беше слично и земав ја испрскав со тоа сеа е баш чиста не ми се оштетила.
@anggell @Medea. Сега пробав со Авакс одмастувач. Гледам вади, ама по малку пробав. Не знам дал да ризикувам да испрскам цела врата и со чистач на пареа да поминам, да не двои до кај сум стасала... пошто сеа па како линии од крпата до кај пребришав. Ужас значи, кај ми бил паметот со бојава.