^ Дали е препорачливо користењето на содата за под пазувите? Таму има потни жлезди, не знам колку е добро користењето. Не би можело да се спореди со сода во патиките зошто веројатно не става на стопалата туку во самите патики.
Колку што јас знам содата е далеку поздрава варијанта од разно разните антиперспиранти во форма на стикови, спрејови, гелови и сл.
Како топ шоп реклама звучиме...И тоа не е се, содата може и да се пие и со неа да се мие Незнам дали имам спомнато, ама за пушачи е исто добра содава. Во пепелникот ставете си сода бикарбона и ни чадот ни пепелот нема да мирисаат низ соба. Иначе за чевлите, испробано, незнам кај не ставив веќе
Иако одговорот најверојатно го знам сепак да си прашам. Што да ставам во машината за садови за да ја спречам да ми ги побелува чашите? Значи сменив 3 прашаци,сите решетки,сита се е исчистено ,а чашите се се` побели и побели Некое чаре ???
Во делот каде што се става онаа сол во машината помешај ја со сода бикарбона. Најверојатно е многу тврда водата што ја користиш
Содата го омекнува месото, кога правите гулаш, паприкаш или друга манџа ставете една кафена лажичка сода и месото ќе омекне како да сте го вареле два саати. Проверено А да не побелуваат и да не остануваат дамки на чашите, во корпата за вилушки и лажици стави малку лимон, јас кога цедам лимон не ги фрлам корките, дирекно во машина одат, само внимавај да не има некое семче.
исто јас си ја користам содата и кога правам нешто од страна на месено дали баник соленки погачи со додавање на малку сода тестото излегува порастресено не е затепано а за оцетот еве потврдувам денес бришев гамови со пола бел оцет пола вода и прво со сунгерче после со сува крпа и перфекно исчистија а за лазиците и вилуските да ви обелат и светнат во еден погомен сад ставете ги на оган со вода и во водата сода бикетбона и нека завријат ке видите како ке светнат бидејки сум во фаза на генералка еве до сега ова го испробав и делува
Е овој пат сум навистина очајна Ми треба совет како, со што да исчистам антилоп чевли ?Имаа мала незгода,син ми ми ги Пробав со таа специјалната гума ,ама не излегува. Ве молам за помош
Јас за антилоп чизми имав специјален спреј. Најди го, па пробај со него да истриеш, и после пак да испрскаш, за да светнат...друг совет немам
Најновите Спојлер и доста солени панталони најверојатно сум ги допрела до пеглата за коса Има останато како бели линии (од керамичкиот дел на пеглата). Мислев дека ќе се испере ама јок. Има чаре? EДИТ: Дали да пробам со Omino bianco, да не ги обели пошто се тегет?
Еве да си споделам искуство. Вчера се наканив да посипам хидроген 3% и сода бикарбона. Направив густа смеса и го премачкав керокот и така го оставив цела ноќ. И сабајле имаше изненадувачки резултати - бело ко снег. Веќе не купувам Полирапид.
Ц ц ц ц, и за ова решение ли треба да добивам пари?? Ви кажав, научно докажаа дека таа смеса од хидроген пероксид и сода бикарбона е најјаката на светот за чистење
имам едно преубаво дрвено ланче поклон од една драга пријателка..е сега ланчето е со дрвени топчиња посветли и потемни...тие посветлите топчиња (2 вкупно) што се паѓаат кај вратот потемнеле малку што од пот што од парфем...мн го сакам ланчето и сакам да го исчистам, но незнам со што...помош???
Си купив едно блузиче од Певекс, 99 денари... Горниот дел е бел, долниот дел е со шарени цветчиња, плави, црвени, сите бои. Работава испадна колку пари толку музика. Пред да го облечам, земав да го перам. На рака, со ладна вода. Пушти малку боја и пак го преплавив едно 2-3 пати. Видов нема ништо, океј... Ама кога се сушело, изгледа пуштила бојата (пак), и сега на грбот кај што е бело има како лилјакови флеки. Се вади ли тоа некако, или да ја џитнам, оти вака и за низ дома не е.
Моира,јас со смесава белам нокти на раце и нозе,од грди лакови,веќе долго време! И ова е домаќински совет!
Како да ја чистите најлесно микробрановата печка? Исцедете еден цел лимон и сокот ставете го во чаша во микробранова уклучена на најјако барем две минути, или додека се нафати пареа од сокот по ѕидовите. После само избришете ја со сува крпа. За неутрализација на мирисите, растворете кафе (турско, неварено) во малку вода и загрејте го во микробрановата. Мирисите ќе ги снема.